Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) оваа година слави 10 години од своето постоење. Овој прв голем јубилеј, МРФП го одбележува со импозантни податоци за постигнувањата и во финансиските и во нефинансиските услуги, 25.11.2008.
Со поддршка на коморите до развој на успешни претпријатија и промовирани успешни примери на претприемништво во Република Македонија.
Лазаревска е избрана од Одборот на старатели на МРФП, а функцијата Извршен директот ќе ја врши во периодот 2008–2011 година.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) го заврши изборот за Извршен директор за периодот 2008-2011.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), по трет пат, го избра Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за Институција за раководење за периодот 2008-2011 г. Изборот беше направен од страна на Одборот на старатели на МРФП врз основа на професионалниот, организациски и финансиски капацитет на МЦМС.
На 29 април 2008 година, на плоштадот “Македонија“ во Скопје, се одржа манифестацијата “Денот на кралицата“ под мотото “Освежи се“, во организација на Амбасадата на кралството Холандија во Р. Македонија (АКХ). Главна тема на манифестацијата беше промоција на велосипедот како алтернативно превозно средство, за заштита на животната средина и поддршка на бизнисот.