fbpx
Развој на бизнис вештини во креативни и културни индустрии
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

МРФП како дел од конзорциум со повеќе партнери од различни земји од ЕУ (Германија, Франција, Бугарија и Унгарија) од крајот на 2018 г. спроведува проект од програмата ЕРАЗМУС+, финансиран од ЕУ.

Општа цел на проектот е поддршка за создавање и развој на бизнисите во креативните и културни индустрии (ККИ сектор), со фокус на „аудио-визуелниот“ сектор и искористување на потенцијалот на Европското културно наследство преку создавање иновативни програми за развој на технички обуки за старт-апи и фриленсери.

Специфична цел: Развој на претприемачко образование и потребни вештини за ККИ секторот.

Проектот се состои од пет главни компоненти / активности:

  1. Анализа и дефиниција на потреби за обука, квалификација и доквалификација во ККИ секторот.
  2. Развој на повеќејазични тренинг програми за комбинирано предавање (blended learning) за претприемништво наменети за ККИ фриленсери и старт-апи.
  3. Развој на повеќејазични тренинг програми за комбинирано предавање „Креативно размислување за иновација“ наменети за (дигитални) стар-апи.
  4. Веб-платформа за комбинирано предавање „КреатИННЕС Академија“
  5. Методологија за комбинирано предавање „КреатИННЕС“

Целни групи на проектот се:

  • ККИ фриленсери
  • Старт-апи во ККИ
  • Претприемачи што сакаат да ја поттикнат креативноста во нивните претпријатија

МРФП ќе учествува во сите активности и ќе биде координатор на организација на таканаречените мултипликатор настани кои ќе бидат организирани со цел споделување на информација за проектот до локалните чинители, демонстрација на повеќејазичните тренинг програми за комбинирано предавање и тестирање на истите.

Времетраењето на проектот е 36 месеци.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 358.480,00 евра од кои МРФП ќе раководи со 65.245,00 евра.