На редовната седница на Советот на МРФП одржана на 14 мај 2013 година беше усвоен Годишниот извештај за работата на МРФП во 2012 година, со финансискиот извештај и Независното ревизорско мислење.
На својата прва редовна седница одржана на 24 декември 2012 година, Советот на МРФП ги избра членовите на новиот состав на Одборот на старатели.
Во следните четири години ова тело ќе го сочинуваат: Сашо Клековски, Мирче Чекреџи, Зоран Костов, Љубе Рајевски, Наташа Габер-Дамјановска, Касам Зендели и Зоран Мартиновски.
На 17.12.2012 година, во хотелот Александар Палас во Скопје, беа доделени награди за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Република Македонија Наградата се доделува по 6-ти пат, а целта е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери.
МРФП, на 27 ноември 2012 година ги спроведе вторите по ред избори за Совет.
Во новиот Совет, чиј мандат ќе биде од 2012 до 2016 година избрани се: Кочо Анѓушев, Сашо Клековски, Александар Кржаловски, Џемал Даути, Никица Мојсовска – Блажевски, Радмил Поленаковиќ, Мирче Чекреџи, Зоран Костов, Драган Мартиновски, Љубе Рајевски, Јане Вртески, Наташа Габер-Дамјановска, Касам Зендели, Стојан Лазарев и Зоран Мартиновски.
Македонската развојна фондација за претпријатија - МРФП и Хрватскиот институт за банкарство и осигурување - ХИБО организираа еднодневен специјалистички семинар наменет за банки и финансиски институции. Темата на семинарот беше „Импликации од регулаторните промени и ефекти од финансиската криза во еврозоната врз работењето на банките во регионот“. Предавач на семинарот беше д-р Иван Шверко, директор на Одделот за управување со пазарни и ликвидносни ризици во Хипо Алпе – Адриа банка.