fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

CD22BFE733027D489A9E1A0E4E3748B3Се одржа традиционалната манифестација на доделување награди за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Република Македонија: „Претприемач на годината – 2010“.

Претприемач на годината во категоријата мали претпријатија е Зоран Мирсинов, менаџер на претпријатието од прехранбена дејност Мирана од Велес. Второто место му припадна на Бојан Пановски, еден од сопствениците на Спортскиот центар Форца од Скопје.

Претприемач на годината во категоријата микро претпријатија е Филип Арсов, сопственик на дигиталната агенција Синапс групација од Скопје. Втората награда му припадна на Ивица Луканоски, сопственик на стоматолошката ординација „Др. Ивица Лукановски“.

Наградените добија златни односно сребрени статуетки и ваучери наменети за маркетинг активности во износ од 25.000 денари, за второнаградените и 61.000 денари за првонаградените.

Министерот за економија Фатмир Бесими, во рамките на проектот „Признанија за најуспешните“, додели специјална награда за претпријатието Дием-ГП од Гевгелија – плакета за производно претпријатие со одржлив развој, а организаторите му доделија и сребрена статуетка. Истовремено, министерот им додели признанија и на најдобрите микро и мали претпријатија за 2010 г.

DC8E1309F88A0C4DB4FB02FADA7141C7

Целта на овој свечен настан беше поттикнување на претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни претприемачки приказни.

Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината – 2010“ беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на РМ. Имено, 142 микро и мали претпријатија, во периодот од 2007 до 2009 година, имаат реализирано раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции. Крајниот избор вклучи претприемачи кои изразија интерес за доставување податоци преку прашалник, посета на терен, анализа и бодирање, согласно однапред утврдени критериуми (посветеност на сопствена и обука на неговите вработени, маркетинг и стратегија на раст, инвестиции во истражување, развој и иновации и др.), и кои беа избрани за најдобри.

Главни организатори на Претприемач на годината 2010 се Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Стопанската комора на северозападна Македонија и Центарот за развој на претприемачи и менаџери. Ко-организатори на Претприемач на годината 2010 се: Европската бизнис асоцијација, Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија. Институционален покровител е Министерството за економија на Република Македонија.