МРФП во конзорциум со CARE Deutschland –Luxemburg го спроведуваат проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“.
Општата цел на проектот е да придонесе кон поголема продуктивност и конкурентност на земјоделскиот сектор во земјата.
Специфичната цел на проектот е зголемување на пазарната конкурентност и соработката меѓу земјоделците во земјата, преку создавање поволни услови за развој на постоечките и создавање нови земјоделски задруги.
Целни групи:
- 30 постоечки земјоделски задруги и 30 групи земјоделци кои сакаат да формираат нови задруги ќе учествуваат во инфо-сесиите и обуките за развој на бизнис планови.
- 20 земјоделски задруги (8 постоечки и 12 ново-регистрирани) ќе добијат проектни подгрантови, обуки и менторство.
- МЗШВ ќе добие поддршка за ревизијата на политиките и подобрувањата на системот на следење на развојот на земјоделските задруги.
Со проектот се планирани следите низа активности:
- Обезбедување сеопфатна законска рамка која ќе ги поттикнува и поддржува земјоделските задруги и ќе го олесни регистрирањето и функционирањето на задругите.
- Студиски посети на добри практики во земјите на ЕУ/регионот за избрани земјоделски задруги.
- Градење на капацитетите и финансиска поддршка за чадор организацијата со цел придржување кон принципите на демократско владеење и функционална независност, како и зајакнување на нејзината улога за поддршка и развој на земјоделските задруги во земјата.
- Подигање на свеста во јавноста за признавање на земјоделските задруги како средство за постигнување на дополнителна продуктивност и ефикасност во земјоделскиот сектор.
- Проценка на потребите, техничка и финансиска поддршка за 8 постоечки и 12 нови задруги.
Со спроведувањето на проектот ќе се постигнат следните резултати:
Резултат 1. Ревидирана правна рамка за земјоделски задруги преку соработка на проектниот тим, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и чадор-организацијата на земјоделските задруги.
Резултат 2. Зајакнати капацитети на избраната чадор-организација на земјоделските задруги,
Резултат 3.1. Зголемена свест меѓу земјоделците, бизнисите и пошироката јавност за придобивките од задругите.
Резултат 3.2. Креирана база на податоци за земјоделски задруги.
Резултат 4. Обезбедена техничка и финансиска поддршка за развој на 8 постоечки и за формирање 12 нови земјоделски задруги.
Времетраењето на проектот е 38 месеци (14 декември 2017 г. до 13 февруари 2021 г.)
Вкупниот буџет на проектот изнесува 1,980,000 евра (90,91% е обезбеден од страна на ЕУ, а останатиот дел од МРФП и CARE).
Проектот е финансиран од Европската Унија преку буџетска линија: Инструмент за претпристапна помош - ИПА II. МРФП ќе раководи со 1,391,445 евра