fbpx
Потпри се на младите
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

MРФП во февруари 2022 г. започна да ја спроведува програмата: „Потпри се на младите”. Оваа програма се спроведува во партнерство со Рурална Коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.

potpri se na mladite

Со програмата ќе бидат поддржани младински активности насочени кон иновации во локалните заедници и активности кои го подобруваат социо-економскиот живот на локално ниво. Посебен фокус е даден на таргетирање на соработката со локалните младински совети и локалните младински клубови.

Целна група се младинските заедници во руралните средини од Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион кои имаат ограничени капацитети и пристап за иницирање иновативни решенија за локални проблеми, мерки кои поддржуваат просперитет, вработување и социјални услуги во рамки на нивните заедници.

Општа цел: Подобрување на квалитетот на живот на младите во локалните заедници преку поттикнување и зголемување на младинскиот активизам и волонтеризам.

Специфична цел: Зголемување на капацитетите на младите за организирано дејствување во локалните заедници кои припаѓаат на Североисточниот, Пелагонискиот, Полошкиот и Југозападниот плански регион, преку обезбедување финансиска и техничка поддршка преку обуки, менторство и финансиска поддршка за нивните идеи.

Со програмата се предвидени следните резултати:

  • Идентификувани модели за вклучување на младите во процесот на давање услуги на руралното население во насока на социјално и економско зајакнување на руралните заедници.
  • Создадена специјализирана програма за обука за активно делување на младите и жените во руралната заедница (давање услуги, развој на меки вештини, бизнис планови за одржливи бизниси и активности кои ќе го подобрат квалитетот на животот во руралната заедница).
  • Најмалку 150 рурални млади и жени со развиени капацитети и вештини за активно вклучување во заедницата како даватели на услуги или основачи на социјални претпријатија.
  • Формиран локален младински совет во најмалку 3 рурални општини во пилот планските региони на работа.
  • Поддржани најмалку 5 младински клубови со развиени капацитети за младински активизам и креирање на социо-економски иницијативи во руралните заедници.
  • Финансиски поддржани минимум 10 социо-економски младински иницијативи и зајакнати организациски капацитети.
  • Промовирани позитивни примери и најдобри практики на успешни локални младински акции преку социјалните медиуми.

Времетраењето на проектот е 24 месеци.

Проектот е финансиран од Европската унија.