fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Институциите, бизнисите и граѓанските организации, со поддршка од ЕУ, заеднички ќе ја развиваат општествената одговорност во Македонија.

Министерството за економија, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори (ССК) и здружението Конект, во следните две години, ќе ги едуцира и информира фирмите во Македонија за одговорно и транспарентно работење.  Преку програмата Општествена одговорност на претпријатијата ќе се спроведат промотивни кампањи и промоции за општествена одговорност низ земјата, ќе се испорачаат обуки и доделат награди за општествено најодговорните бизниси во земјата.

МРФП и партнерите ќе ги едуцираат фирмите но и медиумите и граѓанските организации, како да ја заштитат животната средина, да обезбедат подобри услови за вработените, да инвестираат во заедницата и да работат етички. Дел од активностите ќе бидат насочени и кон јакнење на Националното координативно тело за општествена одговорност за претпријатија во Македонија (тело во рамките на Економско-социјалниот совет при Владата на Република Македонија) и кон реализација на Националната агенда за општествената одговорност на претпријатијата во Македонија.

Програмата Општествена одговорност на претпријатијата се спроведува од Министерството за економија, МРФП, ССК и здружението Конект. Во вкупниот буџет од 394.285 евра, значителна финансиска поддршка е обезбедена од Генералниот директорат за претпријатија при Европската комисија, како и од партнерите во програмата.