Сојузот на микрофинансиски организации, чиј основач е и МРФП, во рамки на проектот Инклузија и иновации во микрофинансирањето организираа студиска посета на националните банки на Србија и Албанија и на повеќе платежни институции во наведените земји. Ова е една од активностите на работниот тим за регулативата за платежни услуги со која покрај банките во Македонија, оваа услуга би требало да ја вршат и други правни лица доколку исполнуваат одредени критериуми. Донесувањето на оваа регулатива и вклучувањето на микрофинансиските организации (штедилници и фондации) како финансиски посредници на МРФП е од посебно значење. Ова е согласно регулативата на ЕУ, која е веќе применета во земјите од регионот (вклучувајќи ги Србија и Албанија). Во нашата земја, оваа регулатива е во фаза на подготовка.
МРФП заедно со Хрватскиот институт за банкарство и осигурување, во јуни 2012 г. организираа еднодневен семинар за управување со ризици во финансиските институции. Предавач беше д-р Иван Шверко. На обуката учествуваа вкупно 20 лица од различни финансиски институции како: НЛБ Тутунска банка, НЛБ Пензиски фонд, МБПР, Штедилница Можности, Стопанска банка, Охридска банка, Хабитат Македонија и МАПАС – Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Европската Унија ја обедини помошта што ја обезбедува за земјите кои претендираат да станат нејзини членки во еден инструмент наречен Инструмент за претпристапна помош или ИПА. Инструментот има пет компоненти. Петтата компонента е наменета за рурален развој т.н. ИПАРД, за која Македонија е подобна и веќе го објави првиот повик во декември 2009 г. ИПАРД е новина за македонските земјоделски производители, агро-преработувачите, финансискиот сектор и општата јавност.
Финансирањето на микро и малите претпријатија во Македонија сеуште претставува еден од клучните фактори кои го лимитираат нивниот развој. Македонија заостанува зад земјите од регионот, посебно тие кои целат кон скорешна интеграција во Европската унија (ЕУ) и во поглед на обемот на финансирањето и во поглед на широчината на инструментите за финансирање.
Цел на проектот беше запознавање со искуствата на холандскиот финансиски сектор во поддршката на развојот. Проектот треба да придонесе кон подобрен пристап до финансиски услуги и поддршка на воспоставувањето на соодветна околина за развој на ММП.