fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Тематските брошури за општествена одговорност на претпријатијата се подготвуваат за промотивните активности на проектот Општествената одговорност на претпријатијата во Република Македонија (ООП МК).

ООП МК е проект кофинансиран од Европската Унија и е спроведуван од Министерството за економија во партнерство со: Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и здружението Конект.

Тематските брошури ќе бидат дистрибуирани до претпријатијата, граѓанските организации,  медиумите и општата јавност, во рамките на промотивните активности за ООП (каравани, форуми, обуки).

КАТЕГОРИИ
Текстовите кои ќе бидат подготвени треба да се однесуваат специфично на една од категориите во ООП и тоа:

  1. Заштита на животната средина;
  2. Односи со вработени;
  3. Односи на пазарот со добавувачи и потрошувачи;
  4. Етичко управување; и
  5. Вложување во заедницата.

Текстовите кои ќе се подготват треба да вклучат дефиниции за наведените категории, краток преглед на релевантните европски и светски стандарди од специфичната категорија и нивната примена во Република Македонија. Истовремено, потребно е да се вклучи и краток приказ на 2 случаја од земјата, ако е подобно, од соодветната категорија.

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА
Текстовите треба да бидат кратки и јасни. Истите треба да се засноваат на преглед на релевантна литература, истражувања, интервјуа и да бидат напишани на македонски јазик (со кирилична поддршка). Големината на текстот треба да биде од 7 до 12 страници во А4 формат (од 1,300 до 1,800 збора). Избраните автори треба да работат во соработка и консултација со МРФП. Избраните авторски текстови ќе подлежат на преработка при финалната подготовка на брошура – информативен флаер.

АВТОРИ
Право за аплицирање имаат физички лица. Еден кандидат може да поднесе повеќе пријави.

ИЗБОР
Изборот на авторите на текстовите ќе го врши Македонската развојна фондација за претпријатија. Во процесот на избор на автори ќе бидат вклучени и Министерството за економија на РМ, ССК, Конект како и Советодавното тело на ООП МК. Изборот ќе биде направен врз основа на експертизата на кандидатот и квалитетот на понудената методологија. Избраните автори ќе бидат известени веднаш по завршувањето на конкурсот. Рок за испорака на избраните текстови ќе биде договорен со избраните автори.

ФОНД НА КОНКУРСОТ
Вкупниот фонд за конкурсот изнесува 92.550 МКД во бруто износ, за 5 избрани текстови. Поединечните надоместоци нема да ја надминат сумата од 18,500 денари во бруто износ. МРФП го задржува правото да не избере ниту еден кандидат ако квалитетот на предложените методологија и содржина не е задоволителен. Исто така, МРФП го задржува правото да избере еден автор за изработка на текстови во повеќе категории.

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето се врши со испраќање на пријава и биографија на електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 20 март 2011 г. Во насловот/субјектот на електронската пошта да стои: „Конкурс за изработка на тематски брошури за ООП“. Во прилог се потребните документи за пополнување.

Прашања за појаснување на конкурсот може да се постават најдоцна до 18 март 2011 г. на горенаведената адреса за е-пошта. Лице за контакт е Глигор Михаиловски, Проектен раководител на ООП МК, тел. 02/3088-995.