Институциите, бизнисите и граѓанските организации, со поддршка од ЕУ, заеднички ќе ја развиваат општествената одговорност во Македонија.
На 20 октомври 2010 година, на седум претпријатија им беше доделена Националната награда за ООП за 2009 година. Уште 10 претпријатија добија признанија за постигнувањата во ООП.
Македонски банкари се запознаа со искуствата на Словенија во финансирањето проекти за рурален развој со средства од Европската Унија.
На 29 април 2010 година Советот на МРФП ја одржа четвртата редовна седница. На седницата беше расправан, а потоа и усвоен Годишниот прогрес и финансиски извештај за 2009 година со Извештајот на независниот ревизор. Низ дискусиите провејуваше задоволство од постигнатите резултати во претходната година.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Центарот за развој на нови бизниси при Машинскиот факултет во Скопје (БСЦ), денес (29 декември 2009 година) го промовираа извештајот „Претприемништвото во Македонија“, во рамките на најголемото истражување за претприемништво во светот – Глобален монитор на претприемништво (ГЕМ).