Интернет страница:
www.oop.mk
МРФП во конзорциум со Министерството за економија на РМ, како носител на проект, ССК и Здружението Конект, во периодот од 1 јули 2010 до 31 декември 2012 година, го спроведе проектот Општествена одговорност на претпријатија.
Општата цел на проектот беше да се придонесе кон одржлив економски раст, преку промоција на општествена одговорност.
Специфичната цел на проектот беше поддршка на вклучувањето на практиките и политиките на ООП во главните текови, во рамките на делувањето на различни чинители за ООП во Република Македонија.
Постигнати се следните резултати:
- Зголемена е свеста на јавноста за концептот и придобивките од ООП;
- Развиени се капацитети и знаења на клучните чинители за ООП;
- Создадена е поволна околина за развој на ООП.
Активностите беа групирани во три компоненти, за секој од планираните резултати:
- Компонентата 1 со следните активности: изработка на промотивни материјали за ООП, ООП караван, тематски форуми за ООП, медиумска кампања за ООП, како и интернет сајт за ООП и е-билтен.
- Компонентата 2: обука на МСП, развивање на капацитетите на граѓанските организации (ГОи), обука на медиумите и градење капацитет на Националното координативно тело за ООП).
- Компонентата 3: доделување национална награда за ООП, известување од државните и приватните претпријатија за мерките за ООП кои ги спроведуваат, мапирање на потребните чекори за воведување ООП во процедурите за јавни набавки и консултации и експертска поддршка за креирање политики за работните групи на државните институции и Националното координативно тело за ООП.
МРФП беше одговорна за првата компонента. Беа спроведени следните активности: беа подготвени и дистрибуирани 1 општа и 5 тематски брошури за ООП; беше реализиран караван во 10 града низ Македонија настани на кои беше промовиран концептот за ООП; беа организирани на одделни теми за ООП; беше реализирана студиска посета во Словенија на која македонски уредници и новинари од економски редакции на националните електронски и пишани медиуми имаа можност да се информираат за добрите практики на словенечките бизниси од областа на ООП и начинот на известување на тамошните медиуми; беа изработени е-билтени со кои редовно се информираше за тековните активности на проектот, додека интернет страницата на проектот беше редовно ажурирана. Беше спроведено и истражувањето со кое беа опфатени над 1.000 учесници на караванот. Главните наоди беа: постои регионална нерамнотежа во знаењето/спроведувањето на ООП (Скопје наспроти другите региони) како и слаба ангажираност на институциите, коморите и поединците во промоција на ООП. Затоа и понатаму треба да се продолжи со градење капацитет на човечките ресурси за ООП; соработка со ООП организации од регионот, како и вклучување на концептот на ООП во наставните програми во образовните институции.
Проектот се спроведе во Македонија, како и во Словенија каде што беше реализирана студиска посета.
Времетраењето на проектот беше од 1 јули 2010 до 31 декември 2012 година.
Вкупниот буџет на проектот изнесуваше 358,656 ЕУР, од кои МРФП беше одговорна за 117,945 ЕУР 65% од буџетот беше обезбеден од Европската комисија, а остатокот беше како кофинансирање од МРФП и партнерите.
Во продолжение се дадени неколку фотографии од реализираните активности.
Промоција на проектот ООП | Информативен настан (дел од караванот) | |
Форум Еднакви права за сите работници | Форум за односи кон вработените |