fbpx
Претприемачки примери
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

pp05Елисавета Маринковска од Скопје, во 1992 година ја основала компанијата „Мар–Саж“, чија главна дејност е производство и трговија со печатени канцелариски материјали. Сопственото производство на печатени материјали започнало во 2015 година. „Мар-Саж“ дејствува исклучително на македонскиот пазар, а најголемиот дел од клиентите им се владини и јавни институции, банки, осигурителни компании и други. Покрај тоа, тие им излегуваат во пресрет и на крајни корисници кои имаат нестандардни барања за печатење и изработка на канцелариски материјали според спецификации.

pp04„Графотекс“ од Куманово е една од најстарите печатници во приватна сопственост во нашата држава. Таа е успешен семеен бизнис на Драгослав Богдановски над 25 години и во неа клиентите можат да добијат различни печатарски услуги во офсет и дигитална техника.

pp03Валентина Панова од с. Просениково, Струмичко, заедно со семејството огледуваат и произведуваат различни видови земјоделски култури, а најмногу зелка и пиперки.

pp02Ресми Белули од струшкото село Делогожда по 20 години печалбарски живот во повеќе европски земји, се вратил во своето родно село за да го преземе семејниот бизнис – овчарството. Пробал и со други бизниси, па неколку години работел преку своја компанија за превоз на патници, но сепак се одлучил целосно да се посвети на овчарството.

pp01Во Куманово, наспроти автобуската станица, се наоѓа аптеката „Мак фарм“ во сопственост на Надежда Келешова –Тимчевска, во која голем дел од кумановците кои живеат во близината редовно набавуваат лекови. Во 2004 г. Надежда веднаш по дипломирањето на Фармацевтски факултет во Скопје, го реализирала долгорочниот план – да си работи во сопствена аптека.

Novite investicii kje otvorat novi rabotni mestaНа кејот на реката Вардар во Гостивар се наоѓа „Милениум“, една од најстарите авто перални и вулканизерски работилници во градот. Основана е на почеток од овој милениум, по кој и го добива називот, од страна на Зија и Фикрета Акики. Понудата е надополнета со продавница за авто козметички производи од најпознати брендови и кафуле, каде што клиентите можат да ги почекаат нивните автомобили со вкусно кафе.

zadovolnite klienti se dokaz za uspeshnosta na biznisotПо воениот конфликт во 2001 година, во Македонија голем број на куќи и објекти биле разурнати или уништени. Во таквата ситуација, семејството Куќи, решиле да им излезат во пресрет на потребите на граѓаните, а воедно да си помогнат и себеси. Така решиле да ја отворат продавницата „Бау хаус профи“ во која ќе продаваат различни видови алат од реномирани брендови.