fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

4C32B794C17899429FEE07C6585E9EB7На 20 октомври 2010 година, на седум претпријатија им беше доделена Националната награда за ООП за 2009 година. Уште 10 претпријатија добија признанија за постигнувањата во ООП.

Оваа година, Наградата е дел од проектот: Општествената одговорност на претпријатијата во РМ, кофинансиран од Европската Унија, што го спроведува Министерството за економија во партнерство со: Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и здружението Конект.

Кај големите претпријатија, беа доделени награди во четири категории и тоа: за Односи со вработените наградата ја доби Цементарница Усје за проектот „Бенефиции за децата на вработените“; за Етичко управување наградата му припадна на Алкалоид АД Скопје за проектот „Код на етичко и бизнис однесување“; за Однос со добавувачи и потрошувачи и за Вложување во заедницата наградите ги доби ОНЕ Телекомуникациски услуги за проектите „ONE MOBILE CARE и ONE ALLO CARE специјално дизајнирани за лицата со посебни потреби“ и кампањата за свест „Супер е да си млад, кул е да си хуман“. Наградата во категоријата Животна средина не беше доделена.

Кај малите и средни претпријатија доделени се пет награди и тоа: во категориите Однос со вработените и Однос со добавувачи и потрошувачи наградите ги доби Фармахем за проектите „Зајакнување на капацитетите за тимска работа и градење на лојалност кон фирмата“ и „Работилница за бело саламурано сирење“; во категоријата Етичко управување наградата му припадна на Раде Кончар ТЕП за проектот „Етичко управување во компанијата“; во категоријата Животна средина наградена е Дуна компјутери за проектот „Заштита на животната средина“ и во категоријата Вложување во заедницата наградата му припадна на училиштето Нова за „Програма за помош на заедницата“.  

На доделувањето, на наградените им се обрати министерот за економија Фатмир Бесими. „Со посебно задоволство можам да констатирам дека општествената одговорност станува составен дел на деловната политика на македонските претпријатија, со која тие директно ја подобруваат сопствената конкурентност во глобалната  економија со зголемување на додадената вредност на нивните производи и услуги, подобрување на угледот и имиџот на претпријатијата, подобрување на односите со добавувачите, потрошувачите и потенцијалните инвеститори, висока мотивираност и лојалност на вработените и долгорочен успех во бизнисот“, рече тој.

Од името на Делегацијата на ЕУ, на добитниците и присутните им се обрати Лукас Мелка, Раководител на операциите. „ЕУ има амбиции да ја игра главната улога во промоцијата на ООП на глобално ниво. Овој концепт веќе е интегриран во Европската стратегија 2020, а Европската комисија планира да ја обнови политикана на ЕУ за ООП“, рече Мелка.

„Импресиониран сум од бизнисите претставени денес тука и од нивната визија“, рече меѓу другото во своето обраќање Јозеф Лесард од УСАИД. „Тие го гледаат спроведувањето на општествената одговорност како долгорочна инвестиција. Тие се посветени на вклучувањето на етичките вредности и почитта кон општеството во нивните бизнис практики“, додаде Лесард.

E9060A2BBB94F243BAC01A319E07A57D

Во истите категории доделени се и признанија (плакети) и тоа кај големите претпријатија за категоријата Однос со вработените за: Алкалоид АД, за проектот „Менаџмент со човечки ресурси 2009 – 2011“; Фени индустри за проектот „Имплементација на процедура за обука согласно ИСО 9001 – 2000“; ЕВН Македонија за проектот „Практикантска работа и истражување на мислењето на вработените“; Комерцијална банка АД за проектот „Односи со вработените“; Макстил АД за проектот „Развивање на спортот – основа за градење на конкурентно општество засновано на постигнатите резултати од работењето“ и Тобако АД за проектот „Добар сосед“.

Во категоријата Етичко управување признание е доделено на Комерцијална банка АД за проектот „Транспарентност и етичко управување“, а во категоријата Однос со добавувачи и потрошувачи ЕВН Македонија за „Проект за подобрување во НН мрежа во Шуто Оризари“.

Во категоријата Вложување во заедницата признанија добија: Прокредит банка за проектот „Промоција и развој на градот Дојран и Дојранското езеро и неговиот туристички потенцијал“; Алкалоид АД за проектот „Политика за општествена одговорност на Алкалоид АД – Симбиоза за поздрав живот и иднина“; Сеавус ДООЕЛ за проектот „Придонес  на компанијата во подобрување на образовниот процес“ и ЕВН Македонија за проектот „Донација на опрема за навремена дијагноза и третман на прематурна ретинопатија на Очна клиника во Скопје“.

C1EC8E9FD67D5841B1160C20CBBFB1E8

Признанија (плакети) им беа доделни и на малите и средни претпријатија. Во категоријата Однос со вработените наградата ја доби Дониа за проектот „Развој на одржливост на човечки ресурси во Дониа доо – Прилеп“, а во категоријата Етичко управување, ИНЕТ за проектот „Имплементација на САП ЕРП решение во ИНЕТ“.

Добитниците се избрани од пријавените 42 проекти на 22 компании. Целта на наградата е да ги промовира позитивните практики на општествено одговорно делување на претпријатијата во Македонија и притоа да инспирира за воведување и понатамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата во Македонија.