Визија
Визијата на МРФП е зголемена вработеност, намалена сиромаштија и воспоставена социјална кохезија.
Мисија
Мисијата на МРФП е поддршка на развојот на малите претпријатија.
Целна група
Целна група на МРФП се мали претпријатија. Под мали претпријатија (МП) се подразбираат претпријатијата кои според бројот на вработени се дефинираат како микро претпријатија (до 10 вработени и земјоделци), мали (50 вработени) и во одредена мерка и средните (до 250 вработени).
Директните клиенти на МРФП се акредитираните посредници вклучени во испорака на финансиски услуги, како и организации на претприемачи со кои развива партнерства за промоција на претприемништво.
Целно подрачје
МРФП делува на територијата на Република Македонија со посебен фокус во регионите надвор од Скопје и руралните области. МРФП ќе продолжи да делува и надвор до земјата со цел да го пренесе долгорочното искуство. Овој пристап ќе се примени ако средствата се обезбедени за таа цел (грантови од ЕУ или други донатори).
Резултати
Очекувани резултати се:
- Развиени прифатливи финансиски услуги
- Промовирано претприемништво
- Мобилизирани фондови за финансирање на активностите на МРФП
- Внатрешни подобрувања на МРФП.