На 27.12.2013 г. беше презентиран новиот истражувачки извештај „Претприемништвото во Македонија“ што е дел од Глобалното истражување за претприемништвото - ГЕМ. Истражувањето ги проверува перцепциите и ставовите за претприемништвото, за претрпиемничката активност и претприемничките аспирации.
Податоците покажаа дека скоро секој трет испитаник смета дека во следните 6 месеци постојат добри можности за започнување бизнис, а секој втор дека ги има потребните знаења и вештини за започнување бизнис. Последниот показател, ја прави Македонија лидер во однос на останатите земји во регионот и во однос на земјите од Европска Унија.
На 23.12.2013 година, во хотелот Александар Палас во Скопје, беа доделени награди за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Република Македонија. Наградата се доделува по 7-ти пат, а целта е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери.
МРФП ја објави новата публикација посветена на женското претприемништво под наслов „Добри практики на жени претприемачки“. Публикацијата ги содржи искуствата на шест жени кои активно се вклучени во семејните бизниси.
Идејата на МРФП е со публикацијата да ги покаже добрите искуства на неколку жени кои успешно пливаат во водите на претприемништвото со надеж дека тие ќе инспирираат други жени да започнат или да се вклучат во веќе постојните успешни бизниси.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) на 9 јули 2013 година во хотелот Милениум во Охрид ја одржа работилницата на тема „Идентификување на потенцијалните туристички продукти во општините Вевчани, Дебарца, Охрид и Струга“.