fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

5F4E383412C8374E8DFDBB51CD6B0F79На 17.12.2012 година, во хотелот Александар Палас во Скопје, беа доделени награди за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Република Македонија Наградата се доделува по 6-ти пат, а целта е да се поттикне претприемачкиот дух во земјата, преку промоција на успешни примери.

Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Филип Спасовски, сопственик на Полиестердеј, Скопје, а втората на Сервет Ќазими, , сопственик на млекара Сентис АГ.

Првата награда во категоријата микро претпријатија му е доделена на Боро Андоновски, управител на Абикс, Скопје, а втората на Јумни Бакији, управител на ЈУ-СМ, Брвеница.

Во двете категории, прво наградените претприемачи добија златни статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 50.000 денари, а второ наградените добија сребрени статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 25.000 денари.

Министерот за економија Ваљон Сараќини, во рамките на тековниот проект „Признанија за најдобрите“, додели специјална награда за претпријатието ХЗМ Лабс – екстрим лабс од Битола и неговиот менаџер Пеце Ангелкковски– плакета за „Најиновативно претпријатие во 2012 година“.

Претселекцијата за избор на „Претприемач на годината – 2012“ беше направена врз основа на податоците од Централниот регистар на РМ. Имено, 114 микро и мали претпријатија, во периодот од 2009 до 2011 година, имаат реализирано раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции. Крајниот избор вклучи претприемачи кои изразија интерес за доставување податоци преку прашалник, посета на терен, анализа и бодирање, согласно однапред утврдени критериуми (посветеност на сопствена и обука на неговите вработени, маркетинг и стратегија на раст, инвестиции во истражување, развој и иновации и др.), и кои беа избрани за најдобри.

Главни организатори на Претприемач на годината 2012 се Сојузот на стопански комори на Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија и Стопанската комора на северозападна Македонија. Ко-организатор е  Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Организатор и институционален покровител е Министерството за економија на Република Македонија. Спонзор на настанот беше Штедилница Можности, додека медиумски спонзори беа Нова Македонија, Македонската радио-телевизија, Канал 5 телевизија, Офф нет, Плус инфо, Курир и Поинтер.