fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

eulogo-kat-mkmrfp

 

Јавен повик за понуди за избор на добавувач на добра за подобрување на туристичка инфраструктура.

„Македонската развојна фондација за претпријатија“ (МРФП) ги поканува сите заинтересирани субјекти да учествуваат во тендерска постапка за набавка и поставување на добра наменети за подобрување на туристичката инфраструктура во планинските подрачја на територија на општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца. Под добра кои се предмет на набавка и поставување се подразбираат планински клупи и маси, видиковци, патокази, информативни табли, паркинг остави за велосипеди и друго, како што се предвидени во тендерската документација.

Saem na organizaciite korisnicite na grantovi za prekugranichna sorabotka Makedonija - Albanija 1На 23 септември 2014 година, во Тирана се одржа Саем на организациите корисници на грантови од фондот на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. МРФП учествуваше на Саемот како корисник на два грантови. Во партнерство со Партнерс Албанија беше спроведен проектот „Промоција на женско претприемништво“, а во моментов двете организации го спроведуваат проектот „Кон алтернативен туризам“.

IMG 1634На редовната седница на Советот на МРФП одржана на 28 мај 2014 година беше усвоен Годишниот прогрес и финансиски извештај на МРФП во 2013 година со извештајот на независниот ревизор. Исто така се донесе и одлука за избор на Независен ревизор и за вклучување на нов член на Советот на МРФП.

alternativniot turizam kako nova ekonomska mozhnost 2На 8, 9 и 14 април 2013 година, во Вевчани, Дебарца и во Охрид се одржаa работилници на тема „Алтернативниот туризам како економска активност во регионот на Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца“. Учесниците имаа можност да слушнат и да поразговараат за повеќе аспекти на алтернативните форми на туризмот во овој регион. Дел од нив, оние кои веќе имале свои искуства ги споделија со присутните.

socijalno pretpriemnishtvo i socijalna ekonomijaНа 10 март 2014 година, МРФП го промовираше преводот на публикацијата Социјална економија и социјално претприемништво која оригинално е издадена од Европската комисија. Така, МРФП се вброи меѓу оние кои придонесуваат за зголемување на ресурсите во земјата за започнување и надградување на практиките на социјалното претприемништво.