fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

dodeleni nagradite pretpriemach na godinata 2014 2Денес, 16.12.2014 година (вторник), во хотелот Александар Палас во Скопје, беа доделени награди за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во Република Македонија.

Васко Дамевски, менаџер на компанијата Ксенос, Демир Хисар и Сејди Шахсивари, менаџер на Урбан план констракшн од Тетово се добитници на првата, односно втората награда во категоријата мали претпријатија.

pg2014Ни претставува посебна чест и задоволство, во името на МРФП, да Ве поканиме на манифестацијата „Претприемач на годината 2014“.

На манифестацијата, по осми пат оваа година, ќе се изберат најуспешните микро и мали претпријатија во Република Македонија.

Во очекување на Вашето присуство.

eulogo-kat-mkmrfp

 

Јавен повик за понуди за избор на добавувач на добра за подобрување на туристичка инфраструктура.

„Македонската развојна фондација за претпријатија“ (МРФП) ги поканува сите заинтересирани субјекти да учествуваат во тендерска постапка за набавка и поставување на добра наменети за подобрување на туристичката инфраструктура во планинските подрачја на територија на општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца. Под добра кои се предмет на набавка и поставување се подразбираат планински клупи и маси, видиковци, патокази, информативни табли, паркинг остави за велосипеди и друго, како што се предвидени во тендерската документација.

Saem na organizaciite korisnicite na grantovi za prekugranichna sorabotka Makedonija - Albanija 1На 23 септември 2014 година, во Тирана се одржа Саем на организациите корисници на грантови од фондот на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. МРФП учествуваше на Саемот како корисник на два грантови. Во партнерство со Партнерс Албанија беше спроведен проектот „Промоција на женско претприемништво“, а во моментов двете организации го спроведуваат проектот „Кон алтернативен туризам“.

IMG 1634На редовната седница на Советот на МРФП одржана на 28 мај 2014 година беше усвоен Годишниот прогрес и финансиски извештај на МРФП во 2013 година со извештајот на независниот ревизор. Исто така се донесе и одлука за избор на Независен ревизор и за вклучување на нов член на Советот на МРФП.