fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Над 700 здравствени работници од Универзитетските клиники за детски болести и за гинекологија и акушерство, вчера, 7 мај 2020 година добија 1462 медицински одела како донација од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и штедилницата Можности. На овој начин, организациите им излегуваат во пресрет на се поголемите потреби на здравствените работници за заштитна облека што произлегува од кризата предизвикана од вирусот Ковид-19.

„Медицинските одела се сошиени во текстилна фабрика во земјата, со што, веруваме дека помагаме и за задржување на работните места на вработените“, рече Тетјана Лазаревска, извршен директот на МРФП. „Ќе придонесеме и во буџетот на државата со што нема да бараме враќање на ДДВ, согласно регулативата за донации од јавен интерес“.

Солидарноста воопшто, а особено солидарноста кон оние кои се најизложени во борбата против пандемијата е една од клучните вредности од кои треба да се водиме во работењето во вакви кризни времиња.

donacija1donacija2

donacija3donacija4