fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) Ве поканува на настанот кој е дел од програмата CreatINNES и ќе се одржи онлајн на 7 мај 2021 г. (петок), 10:00 – 12:00 часот. Информациите за вклучување на настанот можете да ги добиете по регистрација на следниот линк: http://bit.ly/creatinnes2021

event cover mrfp

Опис на настанот:

Сте се запрашале ли како креативните и дигитални вештини можат да придонесат за успешен развој на еден бизнис? Дали сакате да знаете зошто претприемачките вештини се потребни за успех во секторот на креативната и културна индустрија? Сакате да дознаете повеќе за дизајн тинкинг (Design Thinking), визуелно брендирање и како да успеете на глобалниот пазар на видео игри?

Ова се само дел од прашањата на кои поканетите домашни и странски експерти ќе се обидат да дадат одговор. Тие со вас ќе ги споделат своите искуства, добрите практики и успешните примери на овие теми.
Сакаме да ги инспирираме студентите, фриленсерите, бизнис почетниците во секторот на креативната и културна индустрија да вложуваат во нови знаења и вештини.

На настанот ќе ја презентираме програмата „CreatINNES” и бесплатната онлајн платформа за обуки „CreatINNES Academy” која содржи 2 програми: „Претприемништво за фриленсери и старт-апи од креативната и културна индустрија“ и „Креативно размислување за развој на иновации“.

 

Презентери:

s1Д-р Волфганг Книејски е претприемач, бизнис девелопер и експерт за управување со иновации, развој и трансфер на технологија. Тој има повеќе од 20 години меѓународно искуство, а моментално е дел од тимот на Европскиот институт за иновации и развој на технологија (EIT) во секторот EIT Manufacturing. Исто така, беше одговорен за тимот за пристап до нови пазари во рамки на бизнис акселераторот EIT Digital Accelerator.

s2Д-р Петјо Будаков е основач и извршен директор на агенцијата за реклами и графички дизајн Будаков Филмс. Тој е експерт во областа на визуелни комуникации, а моментално е амбасадор на “Brain City Berlin” и предавач на XU Exponential University of Applied Sciences во Потсдам, Германија. Неговите истражувачки интереси се насочени кон развој на иновативни алатки за е-учење, „blended learning“ платформи кои ги заменуваат традиционалните пристапи за учење.

s3Наум Михајловски e извршен директор и ко-основач на македонското студио за развој на игри Furious Avocado. Има огромно искуство работејќи како дизајнер на игри, креативен продуцент и директор, а има и бројни проекти за компаниите Нордеус и Crazy Labs. Во 2020 година студиото Furious Avocado ја создава Tie Dye, „hyper-casual“ видеоигра која станува глобален хит и за многу брзо време ја надминува бројката од 100 милиони преземања.

s4Лела Анастасова e сертифициран Design Thinking обучувач и проектен раководител во Innothink. Таа има повеќегодишно искуство во спроведување на обуки и работилници за компании, студенти и средношколци користејќи неконвенционални и креативни алатки за поттикнување на размислувањето и развојот на идеи.

s5Димитар Смилјановски е соработник на проекти во Македонската развојна фондација за претпријатија - МРФП со повеќегодишно професионално искуство во управување со програми за економски развој, развој на бизниси и градење на капацитети. Неговите области на експертиза се проектен менаџмент, претприемништво и деловно планирање. Член е на македонскиот тим одговорен за следење на претприемништвото во Македонија како дел од Глобалното истражување за претприемништво – ГЕМ.

Погледнете ја агендата од настанот.

Регистрирајте се за учество на настанот.

Следете ги информациите за настанот на Facebook.

Организатор:

  • Македонска развојна фондација за претпријатија – МРФП

Ко-организатори:

  • Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски".
  • Машински факултет – Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
  • Македонско Научно Друштво – Битола

Информации за програмата:

МРФП заедно со организацијата INI-Novation GmbH од Германија која е водечки апликант и партнерските организации BIC INNOBRIDGE (Бугарија), Budakov Films (Бугарија) Teleberry (Унгарија), Alanam (Франција) го спроведуваат проектот „CreatINNES – Стратегиско партнерство за иновации и развој на бизнис вештини во Културните и Креативните Индустрии“ финансиран од Европската унија преку програмата Еразмус+. Овој настан е дел од оваа програма.