Првата награда во доменот на микропретпријатија ја доби Иван Пешев од рекламната агенција „Република”, втората, Митко Пиперкоски од друштвото за компјутерски услуги „Интек системи”.
Кај малите претпријатија, прва награда ја добија Кирил и Ѓорѓи Богевски, сопственици на винарската визба „Бовин”, додека втора награда ја доби Атанас Петров, сопственик на „Торус инженеринг”.
За прв пат во 2007 година во Република Македонија беше доделена наградата „Претприемач на годината – 2007”. Целта на овој настан е да го поттикне претприемничкиот дух и култура во државата, преку промоција на успешни претприемнички примери.
„Избравме најуспешни претприемачи во доменот на микро и мали претпријатија. Избравме личности кои се во постојана потрага по можности, кои се иновативни, кои имаат раководни вештини и се насочени кон континуиран раст и развој на фирмата”, изјавија организаторите на почетокот на доделувањето на наградите.
Предизборот на „Претприемач на годината – 2007” беше направен врз основа на податоците од Централниот регистар на Македонија. 320 микро и мали претпријатија, во периодот од 2004 до 2006 г., имаат вработено над 5.000 лица, четири пати ги имаат зголемено своите приходи и имаат вложено 5 милијарди денари свои инвестиции.
Од овие 320 претприемачи, првата награда во доменот на микропретпријатија ја доби Иван Пешев од рекламната агенција „Република”, втората, Митко Пиперкоски од друштвото за компјутерски услуги „Интек системи”. Кај малите претпријатија, прва награда ја добија Кирил и Ѓорѓи Богевски, сопственици на винарската визба „Бовин”, додека втора награда ја доби Атанас Петров, сопственик на „Торус инженеринг”.
Организатори на овој настан беа Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК), Македонската развојна фондација за претпријатија, Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Р. Македонија, Центарот за развој на претприемачи и менаџери, Центарот за развој на нови бизниси при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје и Проектот за зајакнување на претприемништвото, конкурентноста и иноваторството во Република Македонија.