Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот финансиран од Европската унија „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ објави Повик за финансиска поддршка за: А) Промовирање на иновативни инвестициски проекти во земјоделството, шумарството и земјоделско-прехранбената индустрија, Б) Подобрување на конкурентноста преку унапредување на соработката меѓу земјоделците во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот плански регион и Преспанскиот регион.
Крајниот рок за достава на пријавите за грант е продолжен до 27 декември 2023, 16:00 часот по локално време.
Македонската развојна фондација за претпријатија во име на проектот финансиран од Европската унија „Потпри се на младите“ објави Повик за поднесување на пријави за финансиска поддршка на локални младински клубови и младински иницијативи/акции фокусирајќи се на потребите на младите и жените од руралните општини во Североисточниот, Пелагонискиот, Полошки и Југозападен плански регион.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) ги поканува сите заинтересирани млади и претставници на граѓански организации да се пријават за учество на обука и менторство за мобилизација на фондови за младински иницијативи во руралните средини.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) ги поканува сите заинтересирани правни лица да учествуваат во отворениот повик за изработка на програма за обука, спроведување на обука и менторство за мобилизација на фондови за младински иницијативи во руралните средини. Темата на предложената обука е согласно заклучоците од спроведеното теренско истражување направено во рамки на проектот „Потпри се на младите“ за потребите на младите од руралните средини во Пелагонискиот, Полошкиот, Југоисточниот и Северозападниот плански регион. Крајни корисници на обуката и менторството ќе бидат млади и претставници на граѓанските организации заинтересирани за мобилизација на фондови за младински иницијативи во горенаведените плански региони и рурални средини.
Македонската развојна фондација за претпријатија во име на проектот „Потпри се на младите“, финансиран од Европската Унија, објави Повик за поднесување на пријави за финансиска поддршка за младински иницијативи/акции со фокус на потребите на младите и жените од руралните општини во целните региони: Североисточен, Пелагониски, Полошки и Југозападен плански регион.