Македонската развојна фондација за претпријатија ја спроведува програмата AgriSkills, иницијатива која го трансформира секторот земјоделие преку развој на обука за користење на модерни технологии во земјоделуието и развој на претприемачки вештини. Проектот е финансиран од програмата Еразмус+ и има за цел зголемување на свеста за градење на вештини за дигитално, прецизно и паметно земјоделство.
AgriSkills Обука
Едно од нашите клучни достигнувања е развојот на oбуката AgriSkills, дизајнирана како еден вид на „тура“ која ве води низ огромната област на дигиталните можности во земјоделството. Обуката ќе ве воведе во основните вештини и компетенции потребни за успех во дигиталното, прецизното и паметното земјоделство. Обуката е достапна на македонски и англиски и на јазиците на нашите партнерски земји (германски, грчки, словенски, македонски).
Обуката е составена од пет модули, приспособени на потребите идентификувани преку нашата првична анкета. Ова истражување, спроведено во пет европски земји – Македонија, Германија, Грција, Словенија и Австрија ни даде основни информации за подготовката на содржината на обуката. Проверете ја анализата на потребите на нашите целни групи на следниот линк: https://agriskills40.com/goals-results/need-analysis-survey-findings/
Пристапност и апликација:
Обуката Agriskills е достапна за секого, и е развиена под лиценца на Creative Commons. Истата може да се користи самостојно од заинтересираните лица или да се користи од сертифицирани обучувачи, организации за стручно образование и други обезбедувајќи широк пристап до вредни знаења и вештини.
Кон обуката можете да пристапите и истите да ги користите бесплатно на онлајн платформата: https://training.agriskills40.com/modules/.
Следете на следните социјални мрежи:
- Facebook: https://www.facebook.com/agriskills4.0/
- LinkedIn: https://www.linkedin.com/company/agriskills-4-0
Тимот на AgriSkills