Најдобар во категоријата мали претпријатија е Зоран Мирсинов, менаџер на претпријатието Мирана, Велес, а втората награда му припадна на Бојан Пановски, еден од сопствениците на Спортскиот центар Форца, Скопје.
Филип Арсов, сопственик на дигиталната агенција Синапс Групација од Скопје е најдобар во категоријата микро претпријатија, а втората награда му припадна на Ивица Луканоски, сопственик на стоматолошката ординација „Др. Ивица Луканоски” од Скопје.
Специјална награда е доделена на претпријатието Дием-ГП од Гевгелија – плакета за производно претпријатие со одржлив развој.
На 20 декември 2010 година, на 5 претпримачи им беше доделена награда најдобри во 2010 година во категориите микро и мали претпријатија.
Најдобар во категоријата мали претпријатија е Зоран Мирсинов, менаџер на претпријатието Мирана, Велес, а втората награда му припадна на Бојан Пановски, еден од сопствениците на Спортскиот центар Форца, Скопје.
Филип Арсов, сопственик на дигиталната агенција Синапс Групација од Скопје е најдобар во категоријата микро претпријатија, а втората награда му припадна на Ивица Луканоски, сопственик на стоматолошката ординација „Др. Ивица Луканоски” од Скопје.
На прво наградените претприемачи им беа доделени златни статуетки и ваучер наменет за маркетинг активности во износ од 61.000 денари, а второнаградените добија сребрени статуетки и ваучер за истата намена во износ од 25.000 денари.
Министерот за економија Фатмир Бесими, во рамките на проектот „Признанија за најуспешните”, додели специјална награда за претпријатието Дием-ГП од Гевгелија – плакета за производно претпријатие со одржлив развој.
Наградените претприемачи истакнаа колку голем труд е потребен за постојано да напредуваат. „Не може да се оцени дека баш ова е најтешката година, рефлексија од економската криза има во Македонија, има и на нашата фирма, но наше е да ги решаваме проблемите што ќе се исправат пред нас”, рече Зоран Мирсинов, еден од наградените.
„И во тешки години, многу е значајно да се инвестира, дали капитално или во вработени, но најмногу во подобрување на квалитетот на услугите”, изјави Бојан Пановски од Спортскиот центар Форца, добитник на втората награда за мало претпријатие.
„Треба многу да се ризикува и треба многу храброст, треба да се откажете од многу работи за од мало да се стане средно претпријатие”, изјави Петар Андонов, сопственик на Дием-ГП.
Претселекцијата е направена врз основа на податоците од Централниот регистар на РМ.
Крајниот избор вклучи претприемачи чии претпријатија имаа реализирано раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции.во периодот од 2007 до 2009 година и кои изразија интерес за доставување податоци преку прашалник, посета на терен, анализа и бодирање, согласно однапред утврдени критериуми.
Оваа година, манифестациајта Претприемач на годината, се одржа под институционално покровителство на Министерството за економија на Република Македонија, а МРФП беше еден од главните организатори.