Покрај слабиот претприемачки дух и иницијативи, претприемачките активности во земјата не добиваат голема поддршка. Според Програмата за развој на претприемништво, конкурентност и иновативност на малите и средните претпријатија во 2011 г., донесена од Владата на РМ, планирани биле 150,000 евра.

Улогата на деловната заедница да предлага решенија за побрз економски развој е од витално значење. Ефикасното претставување на интересите на деловниот сектор и нивното спроведување се од суштинско значење за подобрување на конкурентноста и способноста на претпријатијата, како и за креирање подобар амбиент за водење бизнис.
Капацитетот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) како од управувачки така и од организациски капацитет не беше на задоволително ниво. Тоа доведуваше до слаб квалитет на услугите кои комората ги нуди а со тоа доаѓа и до осипување на членството и неизаинтересираност за учество во било какви активности.






