Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи и член 8 од Правилникот за работни односи на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), МРФП објавува оглас за вработување на 2 соработници/чки на определено време од шест месеци, со можност за продолжување, на работно место Помлад соработник на проекти во Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).
Работни задачи кои се очекуваат од кандидатите:
- спроведување проекти финансирани од Европската Унија и други финансиери,
- поддршка при финансирање преку грантови,
- поддршка при обезбедување финансиски услуги и инвестиции,
- вклученост во организација на јавни настани,
- комуникација со целни групи на ЕУ-проекти, финансиски институции и други чинители,
- вклученост во обуки и можности за учење на деловни процеси поврзани со ЕУ проекти, финансирање, инвестирање и социјални медиуми.
Услови и можности за кандидатите:
- пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови,
- учење од ментори со висок степен на стручност и искуство,
- личен и професионален развој,
- употреба на дигитални алатки и технички напредни решенија,
- дополнителни придобивки над законски пропишаните минимални услови (бруто плата со вклучени придонеси, регрес за годишен одмор, награди за успешност).
Кандидатите треба да ги исполнува општите, како и следните посебни услови:
- основни познавања за работата на МРФП mrfp.mk,
- високо образование, минимум VI Б или 180 кредити според ЕКТС,
- одлично познавање на македонски и англиски јазик,
- без работно искуство, но со желба и поттик да се учи (во предвид ќе се земе неформалното работно искуство),
- докажана способност и волја да работи со програмите од пакетот на MS Office,
- возачка дозвола: Б категорија.
Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:
- желба за учење и напредување,
- тимска работа,
- добра деловна комуникација (усна и писмена) и презентација,
- прилагодливост за прифаќање на нови и различни задачи,
- уредност и организираност,
- извршување повеќе задачи истовремено,
- планирање, анализа и организација на работа,.
Работното време изнесува 40 часа во работната недела, поделено во пет работни дена. Работните часови за полно работно време се 8 часа и тоа со почеток од 7 до 9 часот наутро и завршување од 15 до 17 часот, соодветно, секој работен ден и со можност за работа од дома.
Како пријава за огласот, кандидатите треба да достават кратка биографија (CV).
Документите треба да се достават на следната адреса:
Рокот за поднесување документи почнува да тече од 15.08.2024 г. и трае до 08.09.2024 г.
По истекот на рокот за поднесување на документи, со кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови, ќе биде спроведено тестирање. Кандидатите со најдобри резултати ќе бидат повикани на интервју.
Изборот ќе се изврши во рок согласно Законот за работни односи, во зависност од бројот на пријавените кандидати. МРФП го задржува правото да избере помалку соработници или воопшто да не избере, доколку кандидатите не ги исполнат бараните услови, вештини или способности.
Во согласност со Законот за заштита на лични податоци, Ве молиме во Вашата пријава - кратка биографија, да наведете дали прифаќате Вашите лични податоци да се чуваат во базата на МРФП за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.
Во секое време може да ја повлечете согласноста за обработка на Вашите податоци, со што Вашите податоци веднаш ќе бидат избришани од базата на МРФП. Во секое време имате право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката и на преносливост и право на приговор.