Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи и член 8 од Правилникот за работни односи на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), МРФП распишува оглас за вработување на 3 (тројца) соработници на определено време од четири месеци, со можност за продолжување, на работно место помлад соработник на проекти (асистент на проекти) во Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).
Кандидатот треба да ги исполнува општите, како и следните посебни услови:
- основни познавања за работата на МРФП www.mrfp.mk;
- VI А или 240 кредити според ЕКТС;
- познавање на македонски и англиски јазик;
- докажана способност да работи со компјутери, пред сѐ одлично познавање на програмите од пакетот на Мајкрософт офис,
- возачка дозвола Б категорија.
Кандидатот треба да ги поседува следните вештини и способности:
- планирање, анализа и организација на работа;
- комуникација и презентација;
- тимска работа;
- приспособување на нови и различни задачи;
- извршување повеќе задачи истовремено и испорака во кратки рокови;
- подготвеност за работа надвор од канцеларија;
- уредност и организираност.
Работното време изнесува 40 часа во работна недела. Дневното работно време е флексибилно, со основно работно време од 9 до 15 часот и променливото работно време од 2 (два) часа дневно.
Основната бруто плата за наведеното работно место изнесува најмалку 38.340 денари.
Како пријава за огласот, кандидатите треба да достават кратка биографија (CV).
Документите треба да се достават на следната адреса:
Македонска развојна фондација за претпријатија
Ул. Никола Парапунов 41А, 1060 Скопје
Или на е-пошта:
Лице за контакт е Марина Јоноска, тел. 071 331 021.
Рокот за поднесување документи почнува да тече од 21.01.2022 година и трае до 08.02.2022 година.
По истекот на рокот за поднесување на документи, со кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови, ќе биде спроведено тестирање. Кандидатите со најдобри резултати ќе бидат повикани на интервју.
Изборот ќе се изврши во рок согласно Законот за работни односи, во зависност од бројот на пријавените кандидати. МРФП го задржува правото да избере помалку соработници или воопшто да не избере доколку кандидатите не ги исполнат бараните услови, вештини или способности.
Во согласност со Законот за заштита на лични податоци, Ве молиме во Вашата пријава - кратка биографија, да наведете дали прифаќате Вашите лични податоци да се чуваат во базата на МРФП за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.
Во секое време може да ја повлечете согласноста за обработка на Вашите податоци, со што Вашите податоци веднаш ќе бидат избришани од базата на МРФП. Во секое време имате право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката и на преносливост и право на приговор.