Македонската развојна фондација за претпријатија Ви ги претставува можностите за стекнување на нови претприемачки вештини и знаења од областа на користење на модерните технологии во земјоделието и руралниот сектор.
Преку програмата АгриСкилс развивме неколку продукти кои можете да ги најдете на следниот линк: https://training.agriskills40.com/
Тренинг програмата за дигитално земјоделство
- Вовед во дигитализацијата во земјоделството
- Дигитални вештини за подобрување на земјоделскиот бизнис
- Управување со земјоделски бизнис во дигиталната економија
- Создавање економски синџир на вредности во земјоделството со употреба на дигитални технологии
- Финансирање на дигиталната трансформација на земјоделскиот бизнис
Тренинг модулите се достапни на македонски, англиски, германски, словенски и грчки јазик.
Платформа за онлајн обука
Пристапете до тренинг програмата бесплатно на онлајн платформата: https://training.agriskills40.com/modules/
Користете ги тренинг модулите самостојно во време кога Вам Ви одговара.
Каталог со добри практики
Каталогот содржи 47 добри практики за користење на модерни технологии во секторот земјоделие од компании во Македонија, Австрија, Германија, Словенија и Грција. Каталогот е достапен единствено на англиски јазик и кон истиот можете да пристапите на следниот линк: https://training.agriskills40.com/catalogue/
Проектот „АгриСкилс - Развој на вештини за дигитализација во земјоделството“ е спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија заедно со партнерите INI-Novation GMBH од Германија како водечка организација и партнерските организации WissenschaftsinitiativeNiederösterreich – WIN (Австрија), Zavod ID20 (Словенија) и Connexions Information Communication technologies for education and social impact (Грција). Проектот е финансиран од Европската унија во рамки на програмата Еразмус+.