
- 16 мај (вторник), 11:00-12:30 часот, Општинска сала, о. Ранковце (Североисточен регион),
- 16 мај (вторник), 15:00-16:30 часот, месна заедница, с. Тумчевиште, Гостивар (Полошки регион),
- 17 мај (среда), 11:00-13:00 часот, Општинска сала, о. Ресен (Преспански регион) – главен официјален настан,
- 17 мај (среда), 15:00-16:30 часот, Општинска сала, о.Охрид (Југозападен регион).
Проектот „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ има за цел модернизација и зголемување на одржливоста во земјоделскиот сектор преку грантова и техничка поддршка во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот плански регион и Преспанскиот регион. Со проектот се очекува да се поддржат иновативни инвестициски проекти, соработка и конкурентност во земјоделскиот сектор преку грантова шема во износ од приближно 400.000 евра. На овие настани ќе имате можност да се информирате во врска со можностите кои ги нуди проектот како и да Ви претставиме успешни модерни технолошки примери кои би можеле да најдат примена во модерното и одржливо земјоделство.
Целна група на проектот се земјоделците, здруженијата, задругите и други чинители од земјоделскиот сектор од наведените региони. Проектот е финансиран од Европската унија, а го спроведува Македонската развојна фондација за претпријатија – МРФП во партнерство со Хемера ДООЕЛ и ЦЕП Можности.