fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Jumpstarter logo2022 banner 1280x720px

Дали имате иновативна идеја и сакате да го започнете Вашиот бизнис?

ЕИТ организира натпревар за иновативни бизнис идеи на кој можете да освоите 10.000 евра.

Креативна заедница, напредно знаење, уникатна програма, стручни обучувачи и ментори, ова е EIT Jumpstarter. Со придонесот на најдобрите експерти во областа, креативната заедница и уникатното знаење, целта на оваа европска пред-акселераторска програма е да ги поддржи носителите на идеи да ги претворат истите во развиен бизнис. Програмата им помага на иноваторите и претприемачите да изградат остварлив бизнис модел поврзан со нивната иновативна идеја за производ или услуга, истата да ја валидира доколку се докаже дека нивната бизнис идеја е одржлива, програмата ги охрабруваме да ја регистрираат својата компанија.

Натпреварот е организиран од EIT Health, EIT RawMaterials EIT Food, EIT InnoEnergy, EIT Manufacturing и EIT Urban Mobility. Тие се шест заедници на знаење и иновации на EIT - Европскиот институт за иновации и технологија. Тие ги здружуваат бизнисите, истражувачките центри и универзитетите како партнери создавајќи поволна средина за просперитет на креативната мисла и иновациите. EIT е вреден, кредибилен партнер за да ја активирате Вашата бизнис идеја и да ја реализирате.

Лицата што учествувале на оваа програма ги поседуваат вештините и знаењата за да ја започнат својата компанија, а како дел од алумни заедницата, тие добиваат дополнителна поддршка и посветено советување од EIT Заедниците во врска со следната фаза од нивното старт-ап патување. Ги запознаваме тимовите со партнери, вложен капитал, регулаторни тела и компании кои можат да ги произведуваат нивните производи, нивниот прв купувач или тестер. Тие се среќаваат со главните иновативни центри во Европа, што е важно кога сакаат да влезат на странските пазари.

Програмата има обучено повеќе од 555 старт-ап тимови од 2017 година, а интересот расте сѐ повеќе. Во 2019 година, EIT Jumpstarter ја освои наградата за најдобра иницијатива за обука на наградите на Европската асоцијација.

Дали е за Вас?

Дали сте дел од научен проектен тим, иноватор, научник, докторанд или магистер со идеја за производ или услуга да ги помести постоечките пазари во секторот здравството, агри-фуд, суровини, енергија, урбана мобилност или производство? Дали сакате да ја изнесете Вашата идеја на европскиот пазар? Тогаш EIT Jumpstarter е идеален за Вас.

Што ќе научите?

Во текот на 8-месечната програма, ќе го пронајдете и потврдите најдобриот бизнис модел за Вашата иновативна идеја. Курсевите се засноваат на lean start-up методологијата од Силиконската долина преведена во европската средина. Ќе научите: како да ја усовршите Вашата зделка, понудите вредност на клиентите, извршите сегментација на пазарот, финансиско планирање, заштитите Вашата интелектуална сопственост и сл.

Во текот на програмата ќе добиете поддршка за патување и сместување, а најдобрите тимови во секоја категорија ќе имаат шанса да освојат парична награда од 10.000 евра.

Зошто е уникатна?

EIT Jumpstarter е многу селективна, конкурентна програма; учеството во неа ги отвора вратите кон европските пазари и ги поврзува најдобрите тимови со шесте големи индустриски партнери на EIT Заедниците како што се GE Healthcare, Siemens, Philips, Roche, Bosch, Nestlé, Pepsico и Maspex, меѓу другите.

Дознајте повеќе: https://eitjumpstarter.eu/why-eit-jumpstarter/

Аплицирањето е отворено до 10 април 2022 г.

Аплицирај СЕГА!

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) како партнер во програмата ќе одржи работилница за сите носители на бизнис идеи од Македонија кои би сакале да аплицираат на EIT Jumpstarter програмата. Работилницата ќе се одржи онлајн на 31.03.2021 година. Дознајте повеќе на: https://www.mrfp.org.mk/mk/vesti-i-javnost/290-rabotilnica-za-eit-jumpstarter-2022-mrfp.html