Саем за претприемачки од Струга и Поградец ќе се одржи во петок, на 02.12.2011 г., од 10.00 – 18.00 часот во хотел Дрим во Струга.
Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Центарот за управување со промени и конфликти – Партнерс Албанија, Ве канат на Саем за претприемачки од Струга и Поградец. Настанот е организиран во рамки на проектот Промоција на женско претприемништво во пограничен регион, со финансиска поддршка од Европска Унија.
Саемот ќе се одржи во петок, на 02.12.2011 г., од 10.00 – 18.00 часот во хотел Дрим во Струга.
Целта на Саемот на претприемачки е да ги промовира бизнисите водени од жени во пограничниот регион и да ја подигне свеста и интересот за производите и услугите кои тие ги нудат. Ова ќе претставува и можност да се зголеми соработката помеѓу бизнисите во пограниччниот регион.
Саемот ќе биде отворен за сите посетители од Струга и Охрид, како и пограничниот регион вклучувајќи го струшкиот регион. Институциите на локалната власт, граѓанските организации и другите локални актери се поканети да учествуваат.