fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

ПОКАНА за учество на обуки на тема: Грижа за корисници и Промоција и продажба

Обуките ќе се одржат во хотелот Солферино во Струга и тоа: Грижа за корисници - 4 и 5 октомври 2011 г. Промоција и продажба на производи - 7 и 8 октомври 2011 г.

На обуките можете да слушнете повеќе за тоа:

  • Како да ја планирате продажбата?
  • Што е директна продажба, теле-продажба и продажба преку интернет?
  • Како да реализирате продажба преку партнери и соработници?
  • Која е психологијата на корисниците?
  • Како да одговорите на потребите на клиентите и да обезбедите „повторни“ купувачи?
  • Кои се секојдневните проблеми на бизнисите – а кои решенијата за нив.

Трошоците за обуките ги покрива организаторот. Вие треба само да одвоите дел од вашето време и да дојдете заедно да дискутираме за секојдневните проблеми со кои се соочувате, како и за можните решенија што ќе го унапредат вашиот бизнис.
 
Бидете активна учесничка и обезбедете си:

  • Бесплатна промоција;
  • Можност да посетите бизниси во Поградец, Република Албанија;
  • Учество на саеми во Струга и Поградец;
  • Можност за запознавање нови деловни соработници и клиенти/корисници
  • Зголемена продажба и поголем профит.

На обуките можат да се пријават само претприемачки кои се регистрирани и вршат деловни активности во општина Струга.

Преземете ја пријавата за учество на обуката „Грижа за корисници“ и за „Промоција и продажба“, на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку тел. 02/3088-993, најдоцна до 27.9.2011. Контакт лице е Јасмина Поповска.

* Бројот на учеснички на обуките е ограничен. Предност ќе имаат претприемачки од мали и средни претпријатија кои се вклучени во туризам и имаат интерес за меѓугранична соработка со претпријатија од Република Албанија.

** Обуките ќе се одржат на македонски јазик со обезбеден превод на албански јазик.