Министерството за економија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и здружението Конект ве покануваат на информативен настан за Националната награда за општествено одговорни практики на претпријатијата за 2010 што ќе се одржи на 06 август 2011 година (вторник), во 11 часот во ЕУ Инфо центарот во Скопје.
Целта на настанот е да се презентира Наградата и начинот за аплицирање. На присутните ќе им се обратат Александар Николов, претседател на Националното координативно тело за ООП и Никица Кусиникова, извршен директор на Конект.
Оваа активност е дел од проектот: Општествената одговорност на претпријатијата во РМ, кофинансиран од Европската Унија во рамките на Рамковната програма за конкурентност и иновации (CIP) 2007-2013, спроведуван од партнерите споменати погоре.
http://www.oop.mk/aktivnosti/76-postapka-za-apliciranje-za-nacionalna-nagrada-oop.html