fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

dobri-praktiki-na-zeni-pretpriemaciМРФП ја објави новата публикација посветена на женското претприемништво под наслов „Добри практики на жени претприемачки“. Публикацијата ги содржи искуствата на шест жени кои активно се вклучени во семејните бизниси.

Идејата на МРФП е со публикацијата да ги покаже добрите искуства на неколку жени кои успешно пливаат во водите на претприемништвото со надеж дека тие ќе инспирираат други жени да започнат или да се вклучат во веќе постојните успешни бизниси.

Сите интервјуирани се едногласни во констатацијата дека формулата за успех е желба за работа и многу, многу работа. Нивните искуства покажуваат дека нема волшебно стапче за решавање на проблемите и за успех во бизнисот.

Публикацијата е издадена како дел од проектот Пат кон кариерата - Подобрување на можностите за вработување на жените од етничките малцинства во Источниот регион на Република Македонија, во рамките на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013, финансирана од Европската Унија.

Преземи ја публикацијата на македонски, турски или ромски јазик.