fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

07049AB8B317234081E7990446131C42Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) на 9 јули 2013 година во хотелот Милениум во Охрид ја одржа работилницата на тема „Идентификување на потенцијалните туристички продукти во општините Вевчани, Дебарца, Охрид и Струга“.

Работилницата е дел од прекуграничниот проект „Кон алтернативен туризам“ кој се спроведува во партнерство со организацијата Партнерс Албанија од Тирана и со поддршка од Локалната агенцијата за развој од Струга, a финансиски е поддржан од Европската Унија. Освен четирите општини во Република Македонија, активностите од проектот се спроведуваат и во Поградец и Корча, во Република Албанија.

„Сакавме да почетокот на проектот да ги слушнеме мислењата и на општините, чии претставници се тука и на другите чинители поврзани со туризмот“, рече на работилницата Лазар Неданоски, раководител на проектот. Околу 40 учесници на работилницата, разговараа за тоа кои би можеле да бидат новите туристички продукти. Во дискусиите тие се согласија дека треба да се обрне повеќе внимание на оние работи кои на туристите ќе им го направат одморот активен. Присутните туристички водичи ги споделија своите искуства за странските туристи и нивната потреба да ги доживеат овие места автентично и интерактивно. И идеите што дојдоа од присутните беа во таа насока, да се стави во функција културното наследство; да се создадат услови за спортски активности на копно, воздух и вода (пешачење, планинарење, велосипедизам, параглајдинг, едрење и кајакарење итн.); да се брендираат препознатливите производи но, и настаните од регионот итн. Освен тоа, беа потенцирани и прашањата кои се провлекуваат низ сите претходни, како што се промотивните активности, грижата за околината, сигнализацијата, означувањето на објектите и патеките, едукацијата на населението, обуките за специфични вештини итн.

3C19ACC50C4B5045AEAD1D1CBEE6DC82

За дел од идеите, учесниците на работилницата ги идентификуваа и предностите и слабостите што е еден чекор понатаму во селекцијата на продуктите што ќе бидат поддржани со проектот.

Присутните изразија задоволство заради вклучувањето во проектот уште во неговата рана фаза и секако од резултатите кои беа постигнати на работилницата. Тие и понатаму ќе бидат вклучени во настаните од проектот како би можел да се направи вистинскиот избор на продуктите поврзани со алтернативните форми на туризам во овие четири општини.

На работилницата учествуваа и претставници на партнерската организација од Република Албанија. Поддршка на учесниците им дадоа и градоначалниците на Вевчани, Цветомир Угриновски и на Дебарца, Игор Трајковски.

FD1B06D1A6C2A1448CBC9773BC508C1E