fbpx
Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

C5028DD44D2B084B93BF21ED2688344CНа редовната седница на Советот на МРФП одржана на 14 мај 2013 година беше усвоен Годишниот извештај за работата на МРФП во 2012 година, со финансискиот извештај и Независното ревизорско мислење.

Тетјана Лазаревска, извршен директор на МРФП, ги информираше членовите на Советот дека во 2012 година се исплатени кредити во износ од 108.032.767 денари (1,7 милиони евра) кон 791 микро и мали претпријатија. Со овие инвестиции поддржани се 703 постојни работни места кај кредито-корисниците и планирани се 495 нови работни места. Таа потенцираше дека од почетокот со работа на МРФП до крајот на 2012 г. исплатени се над 2,25 милијарди денари (36,6 милиони евра) кон 10.163 клиенти со што се поддржани вкупно 16.755 постојани и 3.971 планирани работни места.

Лазаревска се осврна и на постигнувањата во нефинансиските услуги. Таа истакна дека МРФП, како дел од Националниот тим на Светското истражување на претприемништвото (НТ ГЕМ), ги реализираше анкетите за претприемништво во Македонија. Извештајот го најави за 2013 г. Една од редовните активности, поддршката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), е финализиран во текот на 2012 година со реализацијата на новиот Стратешки план на ССК. МРФП беше локален партнер на Македонија 2025 во организирањето на Глобалниот инвестициски самит, кој се одржа од 18 до 21 октомври во Охрид.

Членовите на Советот имаа можност да слушнат и за активностите на двете програми поддржани од Европската комисија. Таа ги информираше присутните дека целосно се спроведени проектните активности во рамките на програмата Општествена одговорност на претпријатијата (ООП), ко-финансирана од Европската Комисија, а реализирани се и сите планирани активности во проектот Економски активности во Косово.

Кон крајот на годината, МРФП започна со спроведување на нова програма со наслов:  Патот кон кариерата – подобрување на вработувањето на жените од етничките малцинства во источниот регион, поддржана од  Министерството за финансии на РМ (во рамките на Инструментот за претпристапна помош за човечки ресурси). Лазаревска ги потсети присутните и на една од редовните активности на МРФП, манифестацијата Претприемач на годината.

Членовите на Советот изразија задоволство за постигнатите одлични резултати на МРФП и едногласно го усвоија Годишниот извештај за 2012 со финанскисиот и Ревизорското мислење подготвено од Грант Тронтон.