На својата прва редовна седница одржана на 24 декември 2012 година, Советот на МРФП ги избра членовите на новиот состав на Одборот на старатели.
Во следните четири години ова тело ќе го сочинуваат: Сашо Клековски, Мирче Чекреџи, Зоран Костов, Љубе Рајевски, Наташа Габер-Дамјановска, Касам Зендели и Зоран Мартиновски.
Членовите на Одборот на старатели се избираат од редовите на основачот (МЦМС), од институциите за развој на претприемништвото и организациите на претприемачи, од финансиските институции и од редот на истакнати претприемачи, стручњаци, медиуми, локална самоуправа итн.
МРФП им се заблагодари на досегашните членови на Одбор на старатели кои дадоа значаен придонес во развојот на МРФП, а чиј мандат заврши оваа година: Томче Тасевски, Гордана Попсимонова и Стојан Лазарев.