На 1 декември 2021 година ќе се одржи големото финале на EIT Jumpstarter програмата која ги поддржува иноваторите од европските региони за да ја претворат нивната идеја во реален бизнис. Оваа година имаше рекордни 548 апликации, а во програмата за прв пат учествуваа и тимови од западен Балкан.
Финалистите кои доаѓаат од различни сектори ќе ги презентираат своите бизнис идеи на онлајн настан на кој жири комисијата ќе избере 6 најдобри старт-апи кои ќе се натпреваруваат за награда од 10.000 евра. Покрај можноста за добивање на парична награда учесниците се стекнуваат со знаење и искуство кое е потребно да започнат свој бизнис и стануваат член на големата EIT старт-ап заедница од која може да имаат многу идни придобивки.
Повеќе информации за следење на настанот можете да добиете на: https://bit.ly/3I3uMlL
Македонската развојна фондација за претпријатија ќе ги споделува активностите од циклусот оваа година (кои се во завршна фаза), но ќе врши и најава на активностите од следниот циклус во кој може да учествуваат и македонски носители на идеи за развој на еден бизнис.