Претприемачки настани
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

edp2009Во 2009 година МРФП беше еден од организаторите на Европскиот ден на претприемачот. Оваа година настанот беше дел од манифестацијата Европска недела на малите и средните претпријатија (1ст Еуропеан СМЕ Њеек ’09), која на европско ниво е координирана од Европската комисија.

МРФП, во рамките на настанот, организира панел-дискусија на темата „Економската криза и пристапот до финансии”. На панелот беа дискутирани проблемите и решенијата во пристапот до финансии со кои се соочуваат претпријатијата и финансиските институции во услови на глобална криза. Во присуство на околу 150 учесници од различен профил (претприемачи, банкари, државни институции), воведни излагања имаа експерти од Холандија, Хрватска и Македонија. Јавноста, овој настан можеше да го следи и директно преку интернет.

Покрај Европската бизнис-асоцијација, коорганизатори на Европскиот ден на претприемачот беа МРФП и други актери од секторот на мали и средни претпријатија, Министерството за економија и Градот Скопје.
 
edp2008.jpgВо 2008 година, МРФП по трет пат учествуваше во организација на настанот „Европски ден на претприемачот” со отворен панел на темата „Пристап до гарантен механизам - како да го финансирате сопствениот бизнис”. На панел сесијата беше презентиран  гарантниот механизам на МРФП од страна на претставник на МРФП Лазар Неданоски, на Гаранти фондот од Анета Анастасовска и теоретските аспекти на гарантните механизми од страна на Гадаф Реџепи од Универзитетот на ЈИЕ.

Настанот и оваа година беше во организација на Европската бизнис асоцијација (ЕБА), Министерството за економија на Република Македонија, Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, Градот Скопје и др..

enp2007„Европскиот ден на претприемачот” во 2007 година беше организиран по втор пат во Македонија. Организацијата на овој настан е со поддршка на Европската комисија и веќе неколку години се организира во повеќе градови во Европа.

Информациите за новите начини на финансирање, развојот на новите концепти за поддршка на претприемачите, пристапот до новите фондови за поддршка на развојот, беа само дел од темите кои преку панели беа споделени со претприемачите – учесници на овој настан.

МРФП, во рамките на овој настан, беше промотор на публикацијата „Успешно искористување на ИПАРД фондовите” (во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка) и организатор на еден панел на тема „Индекс на општествено одговорни претпријатија во Македонија” (во соработка со Центарот за регионални истражувања и соработка Студиорум).

Picture 576МРФП во рамките на проектот „Европски ден на претприемачот” во 2006 година покрај организациската и финансиска поддршка на истиот, организираше и една панел дискусија на тема “Можности за финансирање на МСП”. На панелот како презентери учествуваа: Кењи Наказава –ЕБРД, Глигор Бишев – Стопанска банка АД Скопје, Воислав Бислимовски – Македонска банка за поддршка на развојот, и Тетјана Лазаревска како претставник на МРФП, додека  Сашо Клековски од МЦМС беше модератор на настанот.

За целите на презентацијата МРФП направи  анализа на кредитните линии во земјата, односно нивната достапност и искористеност во 2005 година. Од собраните податоци кои беа презентирани на самата панел дискусија може да се издвои следното: а) расположлив износ на средства за кредитирање во 2005 г.: 397,885, 020 Евра, од кои 71% се од сопствени средства на финансиските институции додека останатите 29 % се од кредитни линии и други фондови; б) каматните стапки се движат од 6-18% кај кредитните линии со рок на отплата од 1-8 години,  додека кај финансиските институции се движат од 7-26% со рок на отплата 1-10 години; в) од вкупно расположливите средства во РМ за 2005 година (397 мил. Евра) реализирани се 89% што покажува значително зголемување на искористеноста во однос на 2001 година кога од вкупно 48.6 мил евра биле реализирани 56%.

Кењи Наказава од ЕБРД ги презентираше досегашните активности на ЕБРД во насока на поддршка на развојот на МСП секторот во Македонија. Досега ЕБРД во Македонија реализирала 25 проекти (17 во приватниот сектор и 8 во јавниот сектор) во вкупна вредност од 407 милиони евра.

Воислав Бислимовски како претставник на МБПР направи една заедничка презентација на трите постоечки гарантни фондови во Македонија, и тоа: Гарантиот фонд на Владата на РМ, менаџиран преку МБПР со вкупен фонд од 4 милиони евра, Гаранти фонд со вкупен фонд од 2 мил евра и Гарантниот фонд на МРФП во износ од 0,5 милиони евра.