Развој на претприемништвото
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

 

Извадок од Деловниот план на МРФП (2012-2016)

Да се биде претприемач значи да се преземе иницијатива и одговорност за сопствениот успех. Ова е идејата водилка на МРФП во промоцијата на претприемништвото. На Македонија и се потребни повеќе лица спремни да преземат акција и да ја ослободат сопствената креативна енергија. Индивидуалниот успех води кон подобрување и заедницата, а тоа отвора можности за поголемо влијание на развојот за кој поддржувачкиот амбиент е предуслов.

Реализирани активности

МРФП е промотор на претприемништвото како можност. МРФП веќе девет години е еден од организаторите на традиционалниот настан „Претприемач на годината“, а низа години беше организатор и на панели по одделни теми во рамки на настанот „Европски ден на претприемачот“.