Зголемување на вработеноста на жените Ромки
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

МРФП го поддржа Здружението КХАМ од Делчево во спроведување на проектот: „Зголемување на вработеноста на жените Ромки“. Проектот се спроведуваше во периодот од 1 февруари 2015 до 31 јули 2015 година.

Општа цел на проектот беше:    Придонeс кон интеграција на жените Ромки од источно планскиот регион на пазарот на труд.

Специфична цел на проектот е: Зголемување на можностите за вработување на жената Ромка во руралните подрачја на Источна Македонија (Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Кочани, Штип и Радовиш)

Постигнати се следните резултати:

  1. Информирани и мотивирани жени Ромки, локални бизнисмени и стручни лица со цел подобрување на  вештините и наоѓање на работа за жени Ромки,
  2. Подготвени  40 лични развојни планови за самовработување,
  3. Подобрени стручни и претприемачки вештини на 36 жени Ромки.

Во рамки на проектот беа спроведени следните активности: Организирање на 8 групни посети (врата до врата/ групни состаноци) во Источниот регион преку кои се информираа и мотивираа вкупно 60 жени Ромки за учество во проектните активности. Од заинтересираните 60 жени вкупно за 40 жени Ромки беа изготвени лични планови за развој. Десет жени беа насочени кон обучување за претприемачки вештини, 10 жени кон обучување преку работа во компании и 20 жени кон обучување за технички вештини (готвење, козметика, фризерство, масерство). Беа одржани повеќе неформални и 4 формални средби со работодавачите од регионот со цел ангажирање на жените Ромки на обука преку работа во нивните компании а беа контактирани и повеќе обучувачи во делот на обуките за претприемачки и технички вештини. Во соработка со компаниите, центарот за обуки Виртуел-М од Куманово и центарот за обука за технички вештини ПОУ-ОГЦДУ Ванчо Прке од Штип се обучија вкупно 36 жени Ромки. 9 жени посетуваа обука преку работа во компании во период од 3 месеци, 7 жени посетуваа 4 дневна обука за претприемачки вештини и 20 жени посетуваа обука за технички вештини во период од 4 месеци. Учесниците на обуките за претприемачки и технички вештини се здобија со признанија за посетуваните обуки. Веднаш по завршување на обуките една од обучуваните жени Ромки продолжи да соработува како готвачка во компанијата со привремен ангажман.

Времетраењето на проектот беше 6 месеци и траеше од 01.02.2015 г. до 31.07.2015 г.

Вкупниот буџет на проектот изнесуваше 1.444.836 МКД. Во вкупниот буџет МРФП учествуваше со 909.707 МКД а здружението КХАМ од Делчево со 535.129 МКД.

IMG 6521   suhada
     
DSC 0115