Промоција на женско претприемништво
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

МРФП во конзорциум со граѓанска организација од Албанија Центар за управување со промени и кризи - Партнерс Албанија,  во период од 24 март до 24 декември 2011 г., го спроведоа проектот  „Промоција на женско претприемништво во пограничен регион“.

Општите цели на проектот беа:

  1. Зголемување на соработката и трговската размена помеѓу (жените) претприемачи од пограничниот регион;
  2. Создавање поволна околина за развој на женски бизниси од пограничниот регион;
  3. Промоција на бизниси водени од жени од пограничниот регион на Македонија и Албанија.

Специфичната цел на проектот беше да се зголеми капацитетот на 40 жени претприемачи за промоција на нивните бизниси и нивната меѓусебна соработка во пограничниот регион.

Постигнати се следните резултати:

  1. Подобрено знаење и капацитети за водење бизнис на жени претприемачи;
  2. Подобрени промотивните активности на жените претприемачи;
  3. Зголемена соработка и трговска размена помеѓу бизнисите од двете страни на границата;

Беа реализирани следните активности: врз основа на подготвен извештај за женско претприемништво во регионот на Струга и Поградец  организирана е тркалезна маса во Поградец за проценката на потребите на жените претприемачи за градење на нивниот капацитет; спроведени се обуки за промоција и продажба, како и за грижа за клиенти за 19 жени претприемачи; организирани се 2 студиски посети во пограничниот регион меѓу Македонија и Албанија за 33 жени; 2 саеми во Струга и Поградец; и промовирана е брошура под наслов  „Најдобри практики од женско претприемништво во Поградец и Струга“; а за искуствата и научените лекции организирана е завршна работилница.

Проектот се спроведе во Македонија,  во регионот на Струга и во Албанија, во регионот на Поградец.

Времетраењето на проектот беше од 24 март до 24 декември 2011 г.

Вкупниот буџет на проектот изнесуваше 26,207.05 ЕУР, од кои 83.87% беа обезбедени од Европската комисија, а остатокот беше обезбедено како кофинансирање од МРФП.

Во продолжение се дадени неколку фотографии од реализираните активности.

promocija-na-zhensko-pretpriemnishtvo-1   promocija-na-zhensko-pretpriemnishtvo-2
Тркалезна маса во Поградец   Обука на тема Грижа за клиенти
 promocija-na-zhensko-pretpriemnishtvo-3    promocija-na-zhensko-pretpriemnishtvo-4
 Студиска посета во Поградец    Студиска посета во Струга
 promocija-na-zhensko-pretpriemnishtvo-5    promocija-na-zhensko-pretpriemnishtvo-6
 Саем на жени претприемачи во Струга    Саем на жени претприемачи во Поградец