Пристап до (само)вработување
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во соработка со Локалната агенција за развој Струга (ЛАР Струга) го спроведуваат проектот „Пристап до (само)вработување“. Целта на проектот е да се зголемат работните вештини на целната група за влез на пазарот на труд. Целна група се Ромската популација и Египќаните, мажи и жени, не исклучувајќи ги притоа и останатите етнички групи. Проектот се спроведува во Скопскиот регион и Југозападниот регион на Македонија. По завршување на проектот се очекува да се придонесе за вклучување целната група на пазарот на труд.

Најпрво, преку информирање и мотивација на целната група, ќе се идентификуваат три групи на учесници во проектните активности: невработени лица, лица кои активно бараат работа и претприемачи и старт-апи. За нив ќе се креираат професионални профили кои ќе ги насочат кон специфичните обуки во рамки на проектот кои опфаќаат:

  • обука низ работа/практикантство во времетраење од два месеци во која ќе можат да се вклучат невработените лица и лицата кои активно бараат работа;
  • обуки за активно барање на работа и за комуникациски вештини наменети за невработените лица и лицата кои бараат работа;
  • обуки за претприемништво во кои ќе можат да се вклучат претприемачите и сопствениците на старт-ап бизниси; и
  • обуки за технички вештини во времетраење од три месеци наменети за невработените лица и лицата кои бараат работа.

Проектот опфаќа и истражување врз чија основа ќе се подготви анализа за пречките за регистрација на старт-ап бизнисите и за (само)вработување, а ќе се дадат насоки за надминување на истите. Искуството од проектот и постигнатите резултати ќе бидат презентирани на завршната конференција за проектот.

Со спроведувањето на проектот ќе се постигнат следните резултати:

  • зголемени потенцијали за пронаоѓање на работа на целната група;
  • зголемени вештини за (само)вработување на потенцијалните претприемачи;
  • развиени технички вештини за целната група;
  • адресирани мотивациски фактори за регистрирање на старт-ап бизниси.

Проектот започна на 27 декември 2016 година и ќе трае до 26 декември 2017 година.

Вкупниот буџет изнесува 151.580,85 ЕУР. Проектот е финансиран од Европската Унија во рамки на Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007 – 2013, преку Секторот за финансирање и склучување договори - ЦФЦД при Министерството за финансии. Европската Унија ќе обезбеди 95% од буџетот на проектот, а остатокот е кофинансирање од МРФП и ЛАР Струга.