Поддршка на стратешките планови на СКСЗМ
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

МРФП, во периодот од 2007 година, заклучно со 2015 година, финансиски го поддржа спроведувањето на стратешките планови на Стопанска комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ).

Општата цел е да се подобри капацитетот за промоција на претприемништво.

Специфичната цел беше да помогне во зголемување на бројот и квалитетот на услугите кој ги дава СКСЗМ што ќе резултира со зголемена репутација на комората во пошироката јавност а особено кај компаниите.

Постигнати се следните резултати:

  1. Подобрен кредибилитет и репутација на СКСЗМ како значаен фактор кој ја претставува бизнис заедницата во Македонија;
  2. Зголемено и подобрено портфолио на услуги;
  3. Афирмација на активностите кои ги спроведува комората, афирмирање на компаниите членки на СКСЗМ и привлекување на нови членови во комората.

Во овој период беа спроведени низа активности: организирани конференции за промоција на бизнисите; организирани се обуки на одделни теми од интерес за претпријатијата – членки на комората; реализирани се саеми во земјата и странство; информативен настан  за значењето на гарантните фондови како финансиски инструмент во поддршка на малите и средните претпријатија во земјата избор на најдобри претприемачи на микро и мали претпријатија; и др. Посебно внимание беше посветено на градење на капацитетот на вработените и управните органи на комората.

СКСЗМ даде низа препораки за подобрување на конкурентноста на македонските претпријатија, за излез од кризата. Владата на Македонија спроведе низа анти кризни мерки предложени од СКСЗМ и најде решенија за голем дел од проблемите со кои се соочуваат претпријатијата – членки на СКСЗМ.

Според надворешна оценка за постигнувањата  на СКСЗМ во 2011 година, СКСЗМ ги оствариле сите планирани цели и резултати, преку следење на следните показатели: испорачани над 2,000 информации за над 470 членки: поднесени над 80 иницијативи за промена или дополнување на законската регулатива; и зголемување на членството на СКСЗМ за над 30%. Според оценката,  „партнерството со коморите, организациите на претприемништво и Владата на Република Македонија, ја етаблирала СКСЗМ како клучен актер во земјата за поддршка на претприемништвото“.

Во рамките на планираните активности, беа спроведени активности за реализација на стратешката цел за зголемување на видливоста на комора и промоцијата на рамномерен регионален развој. За компаниите членки беа организирани и обуки во врска со законските измени за придонеси по основ на договор за дело и хонорари. СКСЗМ во 2014г. учествуваше во организација на настаните за промоција на компаниите: Саем за вработување, Чаршијата и пријателите, како и Претприемач на годината 2014.

Вкупниот буџет кој беше обезбеден од МРФП, во периодот од 2007 заклучно со 2015 година, изнесува 5.640.215 МКД.

Во продолжение се дадени неколку фотографии од реализираните активности.

poddrshka-na-strateshkite-planovi-na-skszm-1   poddrshka-na-strateshkite-planovi-na-skszm-2
Обука за вработените во СКСЗМ за односи и соработка со јавните институции и приватниот сектор   Одржување на бизнис манифестација
poddrshka-na-strateshkite-planovi-na-skszm-3
Обука за ИПА фондови
obuka za strateski menadzment na firmite   biznis sredbi vo struga 1
Обука за стратешки менаџмент на фирмите   Бизнис средби во Струга
b2b sredbi   obuka za mobilizacija na fondovi na firmite
B2B средби   Обуки за мобилизација на фондови на фирмите