Кон алтернативен туризам
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

webИнтернет страница:
www.alternativenturizam.mk

МРФП во конзорциум со организацијата Партнерс Албанија од Тирана и Локалната агенција за развој (ЛДА) од Струга, во периодот од 15 април 2013 до 18 март 2015 година го спроведе проектот „Кон алтернативен туризам“ во рамките на ЕУ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.

Општите цели на проектот беа:

  1. Разновиден економски развој врз основа на можностите за туризам во областа Корча и Поградец во Албанија и Струга, Охрид, Дебарца и Вевчани во Македонија.
  2. Зголемена прекугранична соработка на областите Корча и Поградец од Албанија со областите Струга, Охрид, Дебарца и Вевчани од Македонија.

Специфична цел на проектот беше:

  • Подобрен развој на туризмот во Корча и Поградец од Албанија и Струга, Охрид, Дебарца и Вевчани од Македонија.

Со проектот остварени се следните резултати:

  1. Идентификувани и развиени локални производи за развој на туризмот;
  2. Развиени капацитети за туризам;
  3. Промоција на потенцијалите за туризам во регионот;
  4. Подобрена инфраструктура;
  5. Размена на најдобри практики.

Во рамките на проектот се спроведоа низа активности. Проектот започна со идентификација на локални туристички атракции и фокус на развој на планинарење, велосипедизам, параглајдинг и риболов, а опфати и поврзани теми како автентична храна и еколошки аспекти на туризмот. Активностите за градење на капацитетите вклучуваа обуки и разменски посети за 83 учесници. Промотивните активности беа насочени во два правци.

Првиот се однесува на промоција на туризмот како економска алтернатива за населението преку видео реклами емитувани на локалните медиуми, промотивни летоци и тематски работилници со локални чинители. Вториот се однесува на промоција на туристичките производи и регионот како дестинација преку две брошури насловени „Излези во природа, влези во авантура“ и „Биди тука“, туристички мапи, видео реклами емитувани на национални и локални ТВ станици и социјални медиуми и промотивни посети за туроператори и новинари.

Со проектот извршено беше и подобрување на туристичката инфраструктура преку поставување туристички патокази, информативни табли, маси со клупи, видиковци, паркинзи за велосипеди, камени чешми, уредување на параглајдинг писти со ветрокази и метеоролошки станици и обележување на планински и велосипедски патеки. Проектот заврши со конференција на која беа разменети искуствата од спроведувањето на проектот и создавање основа за последователни активности.

Времетраењето на проектот беше од 15.04.2013 г. до 18.03.2015 г.

Вкупниот буџет на проектот за Македонија изнесува 154.334,58 евра (9.491.577 денари). Европската комисија обезбеди 85% од буџетот на проектот, а остатокот како кофинансирање од МРФП и ЛДА беше обезбедено од Министерство за локална самоуправа на Р. Македонија.

Видео спотови:

Промотивен материјал:

Фотографии:

Info tablesObrakanje na ambasadorot Ivo Orav sef na delegacijata na EU

 

Obuki za gotvenjeParking za velosipedi s Kuratica

 

Vidikovec MazatarWindbars and meteo