Инклузија и иновација во микрофинансирањето
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

МРФП во соработка со Микрокредитна фондација Хоризонти, Штедилница Можности и ФУЛМ како под-имплентатори, заедно со Сојузот на Микрофинансиски Организации (МФО) го спроведуваат проектот „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“.

Општа цел на проектот е подобрен пристап до финансии согласно потребите на домаќинствата со ниски приходи, претприемачите и микро и малите претпријатија.

Специфична цел на проектот е развиени можности за нови работни места, економски развој и намалување на сиромаштијата.

Програмата се состои од три главни компоненти на активности:

  1. Инклузивни финансиски пазари
  2. Овозможувачка околина
  3. Регионален пристап.

МРФП е одговорна за спроведување на активностите во Компонентата „Инклузивни финансиски пазари“ и тоа:

  • Подигнување на свеста кај целната група/градење на капацитети за новоразвиените микрофинансиски е-продукти
  • Градење на капацитетите за финансиска писменост.

Првата компонента вклучува обуки за 1.000 селектирани клиенти. Фокусот на овие групи е да ја зголемат нивната компјутерска писменост, да дознаат за употребата на е-банкарство и м-банкарство и да научат како да стигнат до потребните бизнис контакти користејќи интернет, согласно понудата/побарувачката на пазарот.

Втората компонента вклучува градење на капацитетите за финансиска писменост за 600 клиенти. Фокусот на целната група е да се надградат нивните знаења за водење на лични финансии и вештини за управување со сопствениот долг, да се запознаат со микрофинансиските услуги, вклучувајќи ги микрофинансиските продукти, управување со организациски буџети, одмереност при позајмувањето, да ги разликуваат типовите на заеми и нивните поврзани трошоци, да се запознаат со последиците на презадолженост.

Времетраењето на проектот е 36 месеци и ќе трае од 28.09.2015 г. до 27.09.2018 г.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.496.550 УСД. Проектот е финансиран од УСАИД. МРФП ќе биде одговорна за 112.945 УСД од кои 96.755 УСД финансирани од УСАИД и 16.190 УСД ко-финансирање.