Економски активности на Косово
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

webИнтернет страница:
www.dearwest.org

МРФП во конзорциум со локални акциони групи од општините Пеќ, Исток, Дечани и Клина во Косово, во периодот од 4 ноември 2010 до 3 ноември 2012 година, го спроведе проектот „Економски активности на Косово“.

Општите цели на проектот беа:

  1. Регионален економски развој на Косово, посебно на западниот регион
  2. Спроведување на локалните развојни стратегии на општините во западниот регион
  3. Спроведувањето на ЛИДЕР пристапот.

Специфичната цел на проектот беше диверзифицирани економски активности поврзани со туризам.

Со спроведувањето на проектот беа постигнати следните резултати:

  1. Идентификувани и развиени локални туристички производи
  2. Развиени капацитети за туризам
  3. Промовирани туристичките потенцијали на регионот
  4. Подобрени капацитети на сектори комплементарни на туризам

Активностите беа групирани во четири групи:

  1. Идентификација и развој на туристички производи;
  2. Развој на капацитетите за туризам;
  3. Промоција на туристичкиот потенцијал на регионот; и
  4. Подобрени капацитети на комплементарните сектори на туризмот.

Во рамките на проектот беа спроведени следните активности: работилници за идентификација и развој на туристичките потенцијали на западниот регион; промоција на ТВ спот насловен како “Западно Косово – на дофат“, кој се емитуваше на водечките телевизии во Косово; беа спроведени 4 циклуси обуки за професионалци во туризам од регионот, вклучително и со реномирани обучувачи од Хрватска; 4 студиски посети и размена на искуства за туризмот (посебно рурален) во Црна Гора, Албанија и Македонија; подготвени 3 туристички промотивни видео спотови, 2 брошури и летоци и промоција преку 9 медиуми, 3 саеми и 16 настани со директни контакти; изградени се инфраструктурни објекти (видиковци со маси и клупи, уредена е планинска патека, чешми, мал парк, реконструиран планинарски дом, поставена туристичка сигнализација во 4 општини); хортикултурно уредување и пошумување; а на крајот беше организиран и завршен настан на кој се обрати Специјалниот претставник на ЕУ за Косово, г-н Самуел Жбогар и други видни личности.

Проектот се спроведе во Косово, во западниот регион.

Времетраењето на проектот беше од 4 ноември 2010 до 3 ноември 2012 година.

Вкупниот буџет на проектот изнесуваше 330,855 ЕУР, од кои 90% беа обезбедени од Европската комисија, а остатокот беше обезбедено како кофинансирање од МРФП и партнерите.

Во продолжение се дадени неколку фотографии од реализираните активности.

ekonomski-aktivnosti-na-kosovo-1
Промоција на ТВ спотот “Западно Косово – На дофат“
ekonomski-aktivnosti-na-kosovo-2   ekonomski-aktivnosti-na-kosovo-3ekonomski-aktivnosti-na-kosovo-4 ekonomski-aktivnosti-na-kosovo-6ekonomski-aktivnosti-na-kosovo-5
Обуки и студиски посети за професионалци во туризмот
ekonomski-aktivnosti-na-kosovo-7ekonomski-aktivnosti-na-kosovo-8ekonomski-aktivnosti-na-kosovo-9
Промотивни видео спотови, брошури и настани за директна промоција
ekonomski-aktivnosti-na-kosovo-10   ekonomski-aktivnosti-na-kosovo-11ekonomski-aktivnosti-na-kosovo-12
Завршен настан со говор на Специјалниот претставник на ЕУ за Косово, г-н Самуел Жбогар   Подобрување на туристичка инфраструктура