Партнерства за развој на мали претпријатија
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

МРФП и понатаму ќе развива партнерства, било да е по основ за зголемено влијание  или заедничка мобилизација на средства, со едниствена цел - развој на малите претпријатија. МРФП во партнерството ги вложува своите институционални референци, капацитетот за формулирање и спроведување проекти според највисоките стандарди и обезбедување ко-финансирање.

 

Реализирани активности

МРФП заедно со штедилница Можности и ФУЛМ и микрокредитната фондација Хоризонти го основаа Сојузот на микрофинансиски организации во чии рамки се спроведува проектот Инклузија и иновации во микрофинансирањето, финансиски подржано од УСАИД.

МРФП воспостави партнерства со Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ). За нив, МРФП (од 2006 година заклучно со 31.12.2014 година за ССК и од 2006 година до крајот на 2015 година за СКСЗМ) обезбеди поддршка во изработка и спроведување на нивните стратешки планови и јакнење на нивниот капацитет. Со градењето на нивниот капацитет, МРФП помогна ССК и СКСЗМ да се идентификуваат како клучни актери од одговорните владини институции, и истите да бидат вклучени во дијалогот за подобрување на економската клима во земјата. Покрај ССК и СКСЗМ, МРФП обезбеди финансиска поддршка и за спроведување на програмските активности на Групата за развој на подсекторот домат и пиперка и Мрежата за рурален развој.

МРФП во конзорциум со граѓанска организација од Албанија: Центар за управување со промени и кризи (Партнерс Албанија), го спроведе проектот „Промоција на женско претприемништво во пограничен регион“.

МРФП го поддржа здружението КХАМ од Делчево во спроведување на проектот „Зголемување на вработеноста на жените Ромки“ во периодот 01.02 - 01.07.2015 г.. Со проектот се мотивираа невработените жени Ромки од источниот плански регион за учество на обуки за развој на технички, претприемачки вештини и обука преку работа. Вкупно беа обучени 36 невработени жени Ромки.

Заедно со ССК, Министерството за економија (како носител) и здржението Конект, МРФП го промовира концептот на општествена одговорност на претпријатијата. Овие активности треба да придонесат за зголемување на конкурентноста на македонските мали претпријатија и да ги приближи до ЕУ стандардите.

Во партнерствосо локални акциони групи од четири општини од западниот економски регион: Пеќ, Дечани, Клина и Истог, во периодот од 2010 до 2012 година беше спроведен проект насловен „Диверзифицирани економски активности во регионот Запад, Косово“. Целта на проектот беше развој на туризмот во регионот како дел од напорите за диверзифициран економски развој.

МРФП во конзорциум со Центарот за управување со промени и кризи Партнерс Албанија и локалниот партнер Локална агенција за развој Струга (ЛДА) го спроведе проектот: „Кон алтернативен туризам“. Целта на проектот беше подобрен развој на туризмот во Корча и Поградец од Албанија и Струга, Охрид, Дебарца и Вевчани од Македонија.

Овие проекти се финансиски подржани и од Европската унија.

Во овој сет активности се и партнерствата и иницијативите за соработка со дијаспората. Една од првите иницијативи (во 2012 г.) беше ко-организирање на „Глобален инвестициски самит за Македонија“ за промоција на можностите за инвестирање и извоз поврзани со македонската дијаспора.