Застапување за развој на финансиски услуги
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Во изминатиот период МРФП беше активна во застапувачки активности за развој на финансиските услуги. Тоа беше највоочливо при донесувањето на законските решенија за финансиски друштва, за економски активности на фондации и други законски предлози.

МРФП ќе продолжи да се зазема за унапредување на законската, но и другата рамка за развој на финансиските услуги. Ова има и директни ефекти врз МРФП со оглед дека МРФП е директно изложена на финансискиот сектор.

Реализирани активности

Закон за данок на добивка. Во 2014 г. МРФП направи анализа на негативните ефекти од примената на Законот за данок на добивка, член 12а. Истиот период беше реализиран состанок со претставници од Министерството за финансии, на кој беа презентирани негативните ефекти од примената на оваа одредба од законот врз работењето на МРФП, како и врз организациите Хоризонти, Хабитат Македонија и фондација Кримсон. Овие организации, согласно заклучоците од состанокот со претставници од Министерството за финансии, подготвија и поднесоа иницијатија за измена на оваа одредба од законот.

Закон за банки. Во 2010 г. претставник од МРФП беше дел од работниот тим (покрај претставниците од УСАИД, Можности, Хабитат Македонија и ФУЛМ) кој работеше на предлог измени  на постојниот Закон  за банки. Предлогот, кој треба да обезбеди можност за преобразба на штедилница во банка или штедна банка, беше доставен до Министерството за финансии.

Закон за финансиски друштва. Во 2010 г. претставник на МРФП беше дел од работниот тим составен од претставници на здруженија и фондации кои работат во областа на кредитирање на микро и мали претпријатија (МРФП, МБПР, Можности, Хоризонти, Гаранти фонд и проект на УСАИД), како и претставник од Хабитат Македонија заедно со одговорните лица од Министерството за финансии. Најголем дел од предлозите беа прифатени од законодавецот и истите се дел од сегашното законско решение.