На периферијата на градот Струмица се наоѓа „Гарден центар Марија“, каде на вкупна површина од 5 декари поставени се пластеници со разни видови цвеќиња, во сопственост на фамилијата Петрови. Сопственик на овие пластеници е Драги Петров, кој заедно со својата сопруга ги обработуваат со помош на 4 вработени лица.
На периферијата на градот Струмица се наоѓа „Гарден центар Марија“, каде на вкупна површина од 5 декари поставени се пластеници со разни видови цвеќиња, во сопственост на фамилијата Петрови. Сопственик на овие пластеници е Драги Петров, кој заедно со својата сопруга ги обработуваат со помош на 4 вработени лица.
Почетоците на овој бизнис на фамилијата Петрови се во далечната 2004 година, кога Драги решил да ја напушти неговата сигурна работа како мајстор за мебел. Љубовта и идејата да одгледуваат цвеќиња ја добил од својот татко, кој 5 години работел во Германија, во истиот бизнис и кој му го пренел неговото скапоцено искуство и знаење, кое и ден денес им обезбедува егзистенција.
Во почетокот направил пластеник за одгледување цвеќиња со вкупна површина од 900 м2, во нива од 2 декари која била во сопственост на неговиот татко, а како што го развивал бизнисот, ја зголемувал површината за одгледување. Моментално има 2,7 декари земја покриена со пластеници, на кои одгледува преку 25 видови цвеќиња и зимзелени дрва.
Драги Петров е вистински пример за претприемач кој не се плаши да инвестира во својот бизнис и вели дека секој заштеден денар го вложува во својот бизнис, бидејќи само со таков став и начин на функционирање може да издвојува победи во пазарната арена во кои има многу конкуренти. Редовно ги следи трендовите и новитетите во бизнисот со цел да остане конкурентен, во таа насока во иднина планира и зголемување на површините под пластеници, но и модернизирање на истите, со системи за наводнување и посебни отвори во пластениците кои ќе овозможат подобри услови за одгледување.
Желба му е да изгради специјализиран пластеник за посетители во кои ќе може да ги изложува цвеќињата, но за оваа инвестиција потребни му се дополнителни финансиски средства кои планира да ги обезбеди преку нов заем. Заемот од МРФП, пласиран преку НЛБ банка, го искористил за набавка на репроматеријали (саксии, семиња и супстрати) и за изградба на хала во кои ќе ги чува истите.